Духовна аптека

Во свет на искривени вредности, Божјата жена останува светлина

Во светот се наметнуваат искривени вредности, поврзани со изгледот, однесувањето и дејствувањето на жената, а таа често го понесува товарот, кој не треба да го носи, и е претежок за неа. Верувајќи во лажниот сјај, ги прифаќа тие вредности и се губи себеси, при тоа губејќи го својот идентитет и неисполнувајќи ја својата животна мисија и целта за која е создадена.

А Бог сѐ совршено промисли и Неговата замисла за жената е сосема поинаква. Божјата жена не е груба, манипулативна, нетрпелива, осветољубива, ниту пак е потисната, понижена и скршена.

Таа е силна, но не во натпреварувањето и наметливоста, туку во Господ Исус Христос, преку Кого може сѐ. Целата дневна рутина лесно ја поднесува, и причинува радост кога ќе стане наутро и ќе подготви здрав оброк за семејството, ќе ги однесе децата во училиште, ќе договара работни состаноци, ќе се грижи за домот, а при тоа задржувајќи ги свежината и добрината, кои ги носи во себе по милост Божја.

Божјата жена го менува светот, но не со својата ароганција и суета, туку со својата силна вера, која планини поместува. Таа е молитвен војник, посветена сопруга, мајка, сестра, ќерка и пријателка. По љубовта која ја дарува и која е нејзиниот најскапоцен накит, луѓето околу неа препознаваат дека Господ Исус Христос пребива во нејзиното срце, кое е меко, нежно и сочувствително.

Облечена со сила и достоинство, весело гледа на иднината. Мудра е во тоа што го зборува, но и во тоа како делува. Ја красат добродетелноста и способноста со своите раце да преумножува и создава. На својот сопруг му прави добро во сите дни и се моли за него, внимава на поведението на своите деца, ја отвора својата дланка на бедниот, ги испружува рацете кон оној, кој има потреба.

Божјата жена е духовна жена, со тивок и кроток дух, внесува спокој и радост со своето поведение во домот. Таа инспирира преку начинот на својот живот, кој се темели на Светото Писмо, преку делата, зборовите и несебичната љубов.

„Koj ќе најде добродетелна жена? Таа вреди повеќе од бисери.” – Изреки 31:10

Маја Јовевска

Можеби ќе ви се допадне

Духовна аптека

Биди сонце што не згаснува

  • 24.02.2026
Денот е посветол кога не ги паметиш лошите мигови и си простил на туѓата неспособност да те љубат и прифатат.
Духовна аптека

Без љубов животот нема смисла 

  • 24.02.2026
Како што поминуваат годините, деновите гледаме дека љубовта меѓу луѓето оладува и затоа многумина се разболуваат. Човек без љубов е