Духовна аптека

Душеците на кои Бог ги допре нашите животи

„Се’ има свое време“ – пишува во Библијата.

Времето на душеците пред повеќе години мене ми го смени животот. Тоа беше време на блаженство и не сакав никогаш да заврши. Тоа беше време во кое седевме на меки кожни душеци, собрани во круг околу Пастор Константин Кајшаров, Божји човек кој ни зборуваше за љубовта и силата Божја, за делото на Исус Христос, за потребата да се покаеме и простиме, да читаме Библија, да се молиме на Бога со љубов, страв и почит, да примаме и даваме љубов. Жедни го впивавме секој збор од Светото писмо, како капка по капка од жива вода која ја гаси жедтта. Чувствувавме како неговите молитви не менуваат, оздравуваат и преобразуваат во тело, дух и душа. Го примивме Исус за наш Господ и Спасител и започнавме нов живот во кој нема повеќе рак, болка, тага, очај, солзи. Времето одминуваше, ние растевме во верата. 

Се дигнавме од душеците и седнавме на столчиња. Слушавме проповеди, работилници, конференции, примавме, а потоа се исправивме да стоиме и служиме, да даваме од применото. Почнавме да одиме и да ја шириме пораката што значи живот, Радосната вест дека секој може да се спаси преку верата во Исус. Благослови доаѓаа и сакавме секому да кажеме што Исус направи за нас и дека секој може да го доживее тоа, ако сака. Така почнавме со зборови и дела да ја покажуваме верата што нас не спаси. 
Душеците станаа столчиња, просторот стана црква, жива, вистинска, од Бог создадена и благословена. Фала на Бога што уште во библиско време Павле дојде во Македонија, ги постави темелите на христијанството, ја поттикна верата, а во текот на времето Господ поставува Свои луѓе да зборуваат за Него, за неговото дело, поуки, заповеди. 

Во последните години, Бог го подигна Пастор Константин Кајшаров, му се објави, му даде задача „да ја поттикне верата кај луѓето, да гради мост до срцата на луѓето по кои Тој ќе помине и ќе се всели во нив.“ Тоа се случува, сведок сум јас и стотици други луѓе кои порано „скитавме како овци без пастир“, а сега сме прибрани, спасени, исцелени, обновени, згрижени во свежа, силна, современа жива црква, издигната врз основа на библиските принципи, христијанската црква Блага вест во РМ. Таа е отворена за секој бара излез на проблемите. 

Дојдете, ќе поразговараме, ќе ви го покажеме патот по кој ние најдовме спас, живот во здравје, радост, материјално и духовно изобилие. Столчињата и душеците се спремни за нови луѓе кои имаат копнеж за Бог, луѓе кои го бараат Господ Исус Христос насекаде, а сеуште не го запознале и не го примиле во своето срце. 

Подготвил: Софија Кузмановска

Можеби ќе ви се допадне

Духовна аптека

Биди сонце што не згаснува

  • 24.02.2026
Денот е посветол кога не ги паметиш лошите мигови и си простил на туѓата неспособност да те љубат и прифатат.
Духовна аптека

Без љубов животот нема смисла 

  • 24.02.2026
Како што поминуваат годините, деновите гледаме дека љубовта меѓу луѓето оладува и затоа многумина се разболуваат. Човек без љубов е