Духовна аптека

Кога мислиш дека Бог молчи, токму тогаш Тој најмногу работи во тебе

„Не разбираш што правам сега, но подоцна ќе разбереш.“ Ова се зборовите на Исус, забележени во Јован 13:7, кажани во контекст на разговорот со Петар, за време на последната вечера, кога почнал да им ги мие нозете.

„Исус одговори и му рече: „Ти сега не знаеш што правам Јас, но после ќе разбереш.“

Oвoj наслов, одговара на следното видео. Погледни го видеото

Во ова видео, визуелно и аудитивно е објаснета споредбата на посеаното семе, со некои животни околности кај Христијаните.

Како што семето е посеано во земја и му треба подолго време за најпрвин да изрти, па да пушти корења и дури потоа да изникне како стебленце и да даде плод, така и на Христијаните им е потребно време, посеаното семе од Живото Божјо Слово да изрти, да изникне и да даде плодови за слава на Господ Исус Христос.

Некогаш ни се чини дека се молиме залудно и дека сме како во дупка фрлени и заборавени од Бога, но всушност, нѝ се случува Бог да нѐ посеал. Пред да пораснеме нагоре, Господ Исус Христос сака да се вкорениме подобро во Него, за потоа да изникнеме во прекрасно силно стебло, со здрави корења.

Пример од Библијата се живототите на Мојсеј, Јосиф, Авраам и Сара, Давид и многу други луѓе од вера, па дури и Исус.
Пред да го умножи лебот, требаше најпрвин да го скрши. Така е и со насаденото Семе на животот во нас, Словото Божјо.

Кога го примаме, Бог најпрвин нѐ крши, се дроби старата грешна природа и ние се преобразуваме и обновуваме во духот преку заедништво со Словото Божјо и водството од Светиот Дух, па потоа стануваме комплетно нови личности – деца на Бог.

Уживајте во видеото и охрабрете се преку овој добар пример, дека иако понекогаш работите во животот нѝ изгледаат како да сме во стагнација и безизлез, тоа е всушност време кога сме повикани на тихување со Бога, време на молитва, препуштање на Божјо водство, раст на верата, за потоа да излеземе во светот како нови личности, силни во вера, кои чекорат исправени и во благодат пред луѓето од овој свет, а се кротки и понизни пред Бога.

Затоа:

  • Да не се обесхрабруваме во вршење добри дела, кои се всушност плодови на Светиот Дух во нашите животи;
  • Да веруваме во совршеното Божјо време, бидејќи „жетвата“ е Божјата награда, која загарантирано нѝ следува;
  • Да продолжиме напред, без оглед на околностите, бидејќи нашите напори не се залудни и ќе вродат со плод ако истраеме до крај, со вера во Господ Исус Христос!

„Затоа отфрлете од себе: секаква нечистота, и последниот остаток на злобата, и примете го со кротост во вас насаденото Слово, кое може да ги спаси вашите души“ – Јаков 1:21

„Благословен да биде човек, кој се надева во Господа, и кому Господ му е надеж. Сличен е на дрво засадено покрај вода што ги пушта корењата кон потокот: не треба да се плаши од ништо кога ќе дојде жегата, на него зеленилото останува секогаш. Во сушна година не се грижи, не престанува да донесува плод.“ – Еремија 17:7-8

„Да не бидеме уморни да правиме добро, зашто ќе жнееме во право време, ако не се умориме.“ – Галатјаните 6:9

Превземено од Последни Времиња

Можеби ќе ви се допадне

Духовна аптека

Биди сонце што не згаснува

  • 24.02.2026
Денот е посветол кога не ги паметиш лошите мигови и си простил на туѓата неспособност да те љубат и прифатат.
Духовна аптека

Без љубов животот нема смисла 

  • 24.02.2026
Како што поминуваат годините, деновите гледаме дека љубовта меѓу луѓето оладува и затоа многумина се разболуваат. Човек без љубов е