Духовна аптека

Тишината на срцето – местото каде Бог зборува

Светот во кој живеме никогаш не спие. Звуците и бучавата насекаде се присутни, исто како и грижите во човековото срце. Социјалните мрежи најгласно зборуваат, современите технологии иако постојат за да го олеснат животот, честопати обременуваат. И во целиот тој хаос можеби некој ќе се запраша: „Каде е Бог и зошто молчи?“

Но вистината е многу поразлична, Бог не молчи. Тој зборува, но не со глас кој предизвикува стрес и трепет, туку љубовно, со глас на родител. А тој глас можеме да го слушнеме дури откако ќе ги стишиме другите гласови околу нас, кога ќе дозволиме нивните силни звуци да не допираат до нас. Кога ја бараме тишината за да го слушнеме Божјиот глас, не значи дека се работи за пасивност, или отсуство на зборови, туку за активна состојба на духот. Тогаш се препуштаме во Божјите раце и дозволуваме Тој со Неговите зборови да ни го помилува срцето, да не стопли, да не утеши и благослови.

Во тишината со Бога паѓаат сите маски , кои ги носиме пред светот. Во тој простор на искреност Господ Исус Христос не прегрнува онакви, какви што сме, дури и кога сме скршени, уморни и жедни за радост. Тишината во Божјото присуство не учи на трпение и доверба, дека Бог знае што е најдобро за нас.

Најубавото време, кое човек може да го помине е времето со Бог, а најубавото место е „скришната собичка“, местото во кое сме сами со Него, а таму многу битки се извојувани, а срцата исцелени и обновени. Во таа „собичка“ телефоните се исклучени и не постојат, таму Христовиот мир ги победува сите животни бури.

Нека овој нов ден започне со искрена благодарствена молитва упатена кон Господ, Кој најмногу не љуби:

„Ти благодарам Господе Исусе Христе за овој ден и за секој нареден моето срце ќе ти благодари за Твојата безусловна љубов, која нема граници. Ти благодарам што си добар, верен и милостив кон мене, што ми ја обновуваш силата и ме водиш по патот на праведноста и вистината. Се радувам на животот со Тебе, бидејќи во Твоето присуство има полнота на радоста и вечно блаженство. Зборувај ми Господе, нека Твоите зборови станат патоказ во моето срце.”

Маја Јовевска

Можеби ќе ви се допадне

Духовна аптека

Биди сонце што не згаснува

  • 24.02.2026
Денот е посветол кога не ги паметиш лошите мигови и си простил на туѓата неспособност да те љубат и прифатат.
Духовна аптека

Без љубов животот нема смисла 

  • 24.02.2026
Како што поминуваат годините, деновите гледаме дека љубовта меѓу луѓето оладува и затоа многумина се разболуваат. Човек без љубов е