FFC

Чудесниот пат од пепелта до Вистината која ослободува

Гордоста кај човекот често пати создава илузија дека е господар на својот живот, потпирајќи се на својата сила, на младоста и талентот, заборавајќи дека секој здив е дар и милост од Бога. Но токму, кога некој се чувствува надмоќно и уверено дека управува со својата судбина, може да се случи нешто, кое ќе доведе до пад на егото и потсетување дека нашиот живот е во Божјите раце.

А токму такво е сведоштвото на Мики Робинсон, кое говори за безграничната Божја љубов, кога човек ќе се препушти и ќе дозволи целосно да го преплави. Мики Робинсон е роден и израснат во американската сојузна држава Охајо, а уште од најраното детство покажувал интерес за екстремен спорт и предизвици. Подоцна станал професионален падобранец. Желбата за докажување постојано го водела во опасност. Живеејќи постојано под адреналин овој млад човек на само 19 години доживеал страшна несреќа.

Во 1968 година, за време на рутински лет во неговата родна земја , авионот со кој патувал претрпел сериозен дефект на моторот, веднаш по полетувањето. Леталото со огромна брзина удрило во земјата и експлодирало во пламен. Мики Робинсон доживеал мошне сериозни повреди, кои според сите медицински закони значеле дека веројатноста да преживее била скоро невозможна.

Имал изгореници по телото од трет и четврт степен на повеќе од половина од телото, го изгубил видот на едното око, а внатрешните органи биле со оштетувања. Лекарите останале без надеж дека ќе преживее. Но токму во тие најтешки мигови за него, започнало неговото духовно будење и осознавање на вистината, која ослободува.

Додека неговото тело било на работ на смртта, тој доживеал духовно искуство, ги доживеал темнината, очајот, немоќта, стравот од смртта, осаменоста и одвоеноста од Бога. Во тој момент на очај Мики за првпат во животот повикал кон Господ Исус Христос со сето свое срце, барајќи милост и прошка. Тогаш се случило чудо, за миг го преплавила незамислива светлина и љубов, која го надминувала секој човечки разум.

Доживеал визија, која Бог му ја дал за целта на неговото постоење и за мисијата, која му е дадена на земјата. Брзо потоа следело второто чудо – процесот на неговото натприродно физичко закрепнување. И покрај лошите прогнози на докторите, кожата му се обновила, видот му се вратил, почнал да оди и нормално да живее и функционира. Но најубавото нешто кое се случило била духовната трансформација и тој веќе не бил истиот човек, кој живеел световен живот, полн со опасности. Станал ревносен проповедник и евангелист, посветувајќи го целосно својот живот на Исус. На луѓето им ја пренесувал пораката дека духовниот свет е реален, дека вечноста сите ги очекува, а спасението е достапно за сите, кои ќе го повикаат Исусовото Име.

Своето искуство Мики Робинсон го пренесува во неговата книга „Паѓање во небото“, објаснувајќи како настапила промената по средбата со Исус, велејќи дека од хаос, Господ направил ремек-дело од неговиот живот.

Во своите јавни настапи и во својата книга Мики ја цитира Библијата, во која е пишано: “Исус му рече: Јас сум Патот, Вистината и Животот; никој не доаѓа кај Отецот, освен преку мене.” – Јован 14:6

„Содржината е базирана на јавно достапни онлајн информации, со авторска обработка и интерпретација“

Подготви: Maja Јовевска

Можеби ќе ви се допадне

FFC

Ковачница (The Forge)

  • 06.03.2026
(препорака за филм) Трогателна приказна за еден изгубен млад човек кој, воден од моќта на пријателството и незаслужената благодат, го
FFC

99-годишен доживотен и познат атеист сведочи како Исус го пронашол на самиот крај

  • 12.03.2026
Речиси 80 години, Валтер Бригс си постави за мисија да ги убеди луѓето дека Бог не постои. Целиот свој живот