Духовна аптека

Пет начини да дознаете дали нешто доаѓа од Бог

Дали понекогаш се прашувате дали се движите во правилна, или погрешна насока?

Или можеби се прашувате дали ја следите Божјата волја и Божјиот план за вас?

Животните одлуки можат да предизвикаат стрес во животот и затоа многу е важно нашиот живот да му го довериме на Господ Исус Христос и Тој да не води.

Но, што треба да направиме ако сакаме да дознаеме дали нашите одлуки доаѓаат од Бог и се според Неговата волја.

  1. Многу едноставно, започнете го денот со молитва

Почнете на начин што ќе го замолите Бог да ви ја покаже Неговата волја за состојбата во која се наоѓате.

  1. Прославете го Бога

Запрашајте се – Дали ова што го барам ќе го прослави Господ Исус Христос?

Бог никогаш нема да ве води да направите нешто, што нема да Му донесе слава.

Секогаш запрашајте се и дали нештото за кое се молите ќе ви овозможи да послужите на другите.

  1. Проверете дали вашите одлуки се согласуваат со Светото Писмо

Бог ни го даде Словото за да ја спознаеме Неговата волја. И затоа можеме во целост да веруваме на советите запишани во Библијата.

  1. Бидете подготвени да чекате

Бидете трпеливи. Ако е нешто според Божјата волја, тогаш Бог ќе ве води додека чекате и ќе го оствари во вистинско време. Значи не брзајте, Господ ќе ви го покаже вистинското време за нештата, кои сте ги замислиле.

  1. Верувајте во Господ Исус Христос и на Него потпирајте се, со увереност дека ќе се исполни Неговата волја во вашиот живот.

Бог секогаш ги исполнува своите ветувања.

„Зошто Јас ги знам Своите замисли за тоа што имам намера со вас – зборува Господ – замисли за мир, а не за несреќа: да ви дадам иднина и надеж.“

Еремија 29:11

Извор: counting blessings

Можеби ќе ви се допадне

Духовна аптека

Биди сонце што не згаснува

  • 24.02.2026
Денот е посветол кога не ги паметиш лошите мигови и си простил на туѓата неспособност да те љубат и прифатат.
Духовна аптека

Без љубов животот нема смисла 

  • 24.02.2026
Како што поминуваат годините, деновите гледаме дека љубовта меѓу луѓето оладува и затоа многумина се разболуваат. Човек без љубов е