Духовна аптека

Му ги изми нозете иако знаеше дека ќе Го предаде, но зошто го направи тоа?

На овој ден Велики четврток, Исус иако по Својата природа беше Бог се понизи и им ги изми нозете на сите дванаесет апостоли, му ги изми нозете и на Јуда иако знаеше дека ќе Го предаде, и на Петар иако знаеше дека ќе се одрече од Него, им ги изми нозете и на останатите девет апостоли иако знаеше дека сите ќе се разбегаат и ќе Го напуштат кога ќе биде уапсен освен Јован.

Но тогаш зошто тоа го направи иако однапред знаеше што ќе направи секој еден од нив? Одговорот е само еден со тоа Тој покажа чин и пример за безусловна љубов, да ги љубиш луѓето и тоа да им го покажеш на дело и покрај сите недостатоци, слабости и несовршености, дури и кога те предаваат, и кога се откажуваат од тебе и те напуштаат, и кога те изневеруваат, повредуваат…Тоа е совршениот пример кој ни го покажа Исус.

Но најголем чин на безусловна љубов Господ Исус Христос ни покажа на крстот давајќи го Својот живот за сите грешни, неверни, несовршени, непостојани, зли луѓе, за тебе, за мене, за целото човештво иако знаеше какви сме ние луѓето – дека пак ќе Го предаваме, напуштиме, изневериме, замениме со други лажни богови, со ритуали и обреди, и ќе се откажеме од Него…

Но тогаш зошто го даде Својот живот за нас луѓето? Затоа што Тој нѐ возљуби со вечна љубов и зашто е верен.
Но таа чудесна Божја љубов која трогнува, исцелува, променува и ја исполнува секоја празнина, неможете да ја вкусите преку фарбање на јајца, украсување на домот со зајци, кошнички и правење на слични ритуали. Можете да ја вкусите само доколку Го примите Исус во своето срце и имате жива релација со Него секојдневно преку молитва и читање на Светото Писмо.

И верувајте вреди да се заменат сите обреди и ритуали со кои не Му угодувате на Бога, со жива вера и релација со живиот Бог Исус Христос. Зашто Божјата љубов е послатка и од животот и го изгонува секој страв од вашето срце, и секој што нема да ја вкуси и искуси многу пропушта. Само со Божјата љубов можете да простите на сите што ве повредиле, изневериле или напуштиле, да ги љубите сите луѓе па дури и непријателите.  

Затоа: „Вкусете и видете колку е добар Господ: блажен е човекот, кој се надева на Него!“ – Псалм 34:8

Маја Димитријевиќ

Можеби ќе ви се допадне

Духовна аптека

Биди сонце што не згаснува

  • 24.02.2026
Денот е посветол кога не ги паметиш лошите мигови и си простил на туѓата неспособност да те љубат и прифатат.
Духовна аптека

Без љубов животот нема смисла 

  • 24.02.2026
Како што поминуваат годините, деновите гледаме дека љубовта меѓу луѓето оладува и затоа многумина се разболуваат. Човек без љубов е