Духовна аптека

Зошто Исус требаше да носи круна од трње кога беше обвинет наместо нас?

Таа круна всушност го претставуваше проклетството, и сите боцки и бодежи во Исусовата глава ги претставуваат мислите на проклетството. Сите мисли кои ве тормозат, како мисли на страв, смрт, на омaловажување, срам, сите мисли кои не дозволуваат да се израдуваш и да бидеш инспириран во животот, тоа се оние мисли коишто сакаат да го ограбат мирот и да ја одземат радоста на Бог во верниците.

Соодветно Христос не ослободи од таквите проклетнички мисли, и секое бодило од круната од трње, ги претставува ризичните категории подмолни мисли од проклетството, но Тој не ослободи од нив уште од самиот момент, од оној момент кога се потеше во крв.

Па, бидејќи се наоѓаше во внатрешна борба, поусрдно се молеше, а потта Му беше како капки крв, што паѓаа на земјата. – Лука 22:44

Тоа е наше наследство, тоа е наше избавување, и штом го знаеме сето ова што Исус го претрпе за нас, и она што Го изврши за нас, ние треба да сме благодарни, и постојано да пребиваме на делото што Исус го изврши на крстот.

М-р Константин Кајшаров

Можеби ќе ви се допадне

Духовна аптека

Биди сонце што не згаснува

  • 24.02.2026
Денот е посветол кога не ги паметиш лошите мигови и си простил на туѓата неспособност да те љубат и прифатат.
Духовна аптека

Без љубов животот нема смисла 

  • 24.02.2026
Како што поминуваат годините, деновите гледаме дека љубовта меѓу луѓето оладува и затоа многумина се разболуваат. Човек без љубов е