Денес, многу работи што порано биле директно поврзани со окултизам, пагански ритуали и духовни практики, се ребрендирани како „самољубие“, „духовен раст“, „енергетско исцелување“ или „грижа за себе“. Она што некогаш било отворено мистицизам, денес се продава естетски, модерно и како безопасно.
Кристалите со потекло од Месопотамија, Египет и подоцна од хиндуизмот, се користеле во пагански ритуали за „бркање“ духови и channel healing преку „земјени енергии“. Денес се продаваат како „енергетски алатки“ за мир, љубов и заштита. Но Библијата учи дека ниеден предмет нема духовна моќ. Мирот и исцелувањето доаѓаат преку верата во Господ Исус Христос. Опасноста е што тие лесно стануваат идоли и алатки за гатање, отворајќи врата за духовна измама.
Астрологијата потекнува од Вавилон и била развиена во хеленистички Египет за предвидување на судбината според движењето на ѕвездите и планетите. Денес тоа се хороскопи, натални карти и хороскопски знаци. Светот вели: „Ѕвездите те познаваат.“ Но Божјото Слово вели: „Нека станат сега астролозите… нека те спасат… Ете, тие ќе бидат како слама.“ – Исаија 47:13-14. Астрологијата го заменува Божјиот суверенитет со фатализам и претставува форма на гатање.
Манифестирањето потекнува од движењето New Thought, херметизмот и гностицизмот – учења дека мислите создаваат реалност и дека човекот е „божествен“. Денес слушаме: „Јас го манифестирав мојот сон“, „Изговори го во постоење“, „Ти си творецот“. Ова не е библиска вера, туку самообожување – обид човекот да се издигне над Бог. Но Библијата вели: „Нема да имаш други богови освен Мене.“ (Излез 20:3) и „Да биде Твојата волја, не мојата.“ – Лука 22:42.
Тарот картите потекнуваат од Италија во 15 век, а подоцна биле претворени во окултна алатка за гатање. Денес луѓето преку нив бараат „внатрешна вистина“, „духовни водичи“ и одговори за иднината. Но Библијата предупредува: „Не обраќајте се кон медиуми или оние кои комуницираат со мртвите.“ – Левит 19:31. Таротот изгледа како мудрост, но отвора врата за духовна измама.
Палењето и кадењето со сушени растенија потекнува од шамански ритуали за „прочистување“ и духовна комуникација. Денес се продава како „чистење на енергијата“ и „духовен детокс“. Ова не е само симболика – туку ритуал што повикува духовни сили надвор од Христос. Но нема духовно прочистување одвоено од Бога. Само Светиот Дух осветува. „Создај во мене чисто срце, Боже.“ – Псалм 51:10.
Чакрите и јогата потекнуваат од хинду тантра. Чакрите се сметаат за енергетски центри што се „активираат“ преку јога за будење на кундалини – духовна „змиска сила“. Јогата значи соединување со Брахман, хиндуистичкото божество. Денес се продава како истегнување, mindfulness и внатрешен баланс. Јогата не е само физичка вежба – таа потекнува од духовен систем насочен кон лажно духовно соединување. Но Библијата вели: „Не можете да ја пиете чашата Господова и чашата демонска.“ – 1 Коринтјаните 10:21.
Сето ова не е само тренд – туку индустрија вредна милијарди. Астролошките апликации заработуваат огромни суми. Глобалниот пазар на јога вреди над 88 милијарди долари. Кристалите се продаваат како „енергетски алатки“, а тарот читачите на тикток заработуваат илјадници долари месечно. Древната измама е претворена во естетска содржина. Духовната конфузија стана пазар – и некој профитира од тоа.
Многумина што ги практикувале овие работи сведочат за парализа во сон, кошмари, стравови, анксиозност, депресија, опсесии и духовен немир. „Зашто Сатаната се преправа дека е ангел на светлината.“ – 2 Коринтјаните 11:14. Сè изгледа мирно на почетокот – додека тој „мир“ не исчезне.
Но Божјата милост е поголема од секое минато. Ниеден грев, предмет или ритуал нема поголема моќ од Крвта на Господ Исус Христос.
„Покајте се… и свртете се кон Бога, за да ви бидат избришани гревовите, за да дојдат времиња на освежување од Господ.“ – Дела 3:19
Ако сте отвориле духовни врати – затворете ги. Откажете се од ритуалите. Исповедајте го гревот. Исус не дојде само да ве направи „духовни“. Тој дојде за да ве направи Божји деца.
Кристалите се кршат. Исус обновува. Манифестацијата лаже. Благодатта преобразува. Таротот збунува. Вистината ослободува.
„Ќе ја познаете вистината, и вистината ќе ве ослободи.“ – Јован 8:32
Непријателот нуди лаги што светкаат, но тие не можат да спасат. Ветуваат мир, а носат ропство.
Не ви требаат вибрации. Ви треба Светиот Дух. Не ви треба мудрец. Ви треба Спасителот.
Вратете се кон Христос. Откажете се од секоја бледа копија. Дозволете вистинската Светлина да ве ослободи.
„Содржината е базирана на јавно достапни онлајн информации, со авторска обработка и интерпретација”
Извор Instagram: Еthantaft
Калина Чалоска

