Духовна аптека

Време е да го оставиш товарот и да најдеш мир во Божји раце

Можеби ти доаѓа да избегаш некаде, да се повлечеш, само малку да одмориш од се она што те притискаше и мелеше. Се разбира дека имаш потреба од одмор, но каде и да одиш ќе ги носиш „тешките приколки“ кои се дел од тебе.

Зарем не знам да уживам? Зарем не можам да се опуштам? Зошто не ми поминува?

Овие прашања во твоите мисли укажуваат дека тегобите се уште се присутни покрај се. Зарем не знаеш стресот и немирот колку деструктивно влијаат на здравјето на човекот? Никој од „уф“, не добил здравје. И без тебе сонцето ќе грее ако те снема, ќе можат и без тебе луѓето да преживеат, затоа застани. Време е да дишеш и пулсираш во мир и радост. Не мора да се разболиш за да се рестартираш. Учи од љубов, а не од грешките и не по цена на твоето здравје.

Можеби требаше нешто да научиш од овие тежини за да не ги повторуваш повеќе, да заклучиш дека:

– не треба туѓиот товар да го земаш на себе, едно е да помогнеш, а друго е да се жртвуваш;
– не треба да поставуваш големи цели за чие остварување губиш радост, живот, пријателства, здравје и слично. Ако правиш нешто, прави го со леснотија и од задоволство;
– не треба да докажуваш дека си добар и способен, само дозволи си да не ја штедиш љубовта кон себе и кон сите.

Нема да бидеш себичен ако си дозволиш време за мир, момент на креативност и растеретеност. Напротив ќе покажеш почит кон себе и љубов. Ако ти немаш љубов за себе како ќе го сакаш ближниот? И што да се прави сега?

Остави ги сите грижи и тежини во Божји раце, помоли се и довери се на Бог. И така мирот ќе се врати, ти нема да викаш од нервоза, нема да бидеш пречувствителен и да вриеш, ќе зрачиш со милост и свежина. Не заборавај, она добро кое сакаш да го добиеш во животот Исус го обезбеди веќе за тебе, сега со вера можеш да го добиеш. Моли се благодарно, одмори се, почитувај се, биди поинаков!

Извадок од книгата „Биди поинаков“ од М-р Константин Кајшаров

Можеби ќе ви се допадне

Духовна аптека

Биди сонце што не згаснува

  • 24.02.2026
Денот е посветол кога не ги паметиш лошите мигови и си простил на туѓата неспособност да те љубат и прифатат.
Духовна аптека

Без љубов животот нема смисла 

  • 24.02.2026
Како што поминуваат годините, деновите гледаме дека љубовта меѓу луѓето оладува и затоа многумина се разболуваат. Човек без љубов е