Духовна аптека

Љубовта што го преобразува светот

Недостатокот на баланс или рамнотежа ја нарушува хармонијата во животот. Не може некој нон стоп да прима, а да не дава, или пак некој дава, овозможува се да е на достап за секого, а оние кои примаат немаат свест ниту благодарност и само примаат – конзумираат. Кога примаш ти си благословен за да бидеш благослов за другите луѓе. Кога примаш обнова и исцелување тогаш тоа е за да бидеш од полза не само за себе туку и за другите луѓе, за да бидеш во позиција да даваш. Кога примаш без да даваш, овој принцип е нарушен и ти одново се враќаш во старата состојба, не можеш да излезеш.

Може ли брак да опстане ако љубовта не е взаемна обострана меѓу сопружниците? Еден дава, друг прима, потоа тој што примил сега дава, а другиот прима, тоа е принципот на одржување на заедницата во хармонија.

Во светот има богати и ненаситни луѓе од една страна, а од друга страна сиромашни и гладни и тоа е заради нарушување на принципот давање и примање. Така нема сплотеност туку раздвојување, а се што раздвојува не е одлика на љубов. Затоа ако нешто примаш, треба да си свесен дека треба да дадеш. Прави го тоа што сакаш и тебе да ти го прават. Цени ги нештата кои ти се на патот и тебе ќе те ценат. Покажи почит и благодарност, па тоа и ќе го дочекаш. Законот на жетвата гласи: „што ќе посееш тоа ќе пожнееш“.

Ако го посетуваш лекарот само кога кризираш од болка, тој сигурно дека ќе ти помогне, но тебе ќе ти се повторуваат болките бидејќи не си научил да пристапуваш од љубов за себе и превенција од болка, туку само кога страдаш. Значи болката е мотив, таа е на престолот на твојот живот. Ако го почитуваш пријателот само кога ти треба нешто од него, тогаш постојано ќе зависиш од луѓето додека не научиш дека не треба да се дружиш со нив од интерес. Каков светоглед имаш, таков живот имаш. Ако живееш нехармонично, тоа се одразува и на физичкото тело.

Можеби сега си поблиску до одговорите на прашањата:

  • Зошто ме болат колената?
  • Постојано ме боли едната плешка на грбот.
  • Не знам зошто, но како криво да чекорам, зошто повремено ме боли кичмата?
  • Зошто имам хронични болки и постојана болка на рамениците?

Размисли можеби треба да погледнеш и од друга перспектива и да ги отклучиш вратите на својата добросостојба.

Извадок од книгата „Биди поинаков“ од М-р Константин Кајшаров

Можеби ќе ви се допадне

Духовна аптека

Биди сонце што не згаснува

  • 24.02.2026
Денот е посветол кога не ги паметиш лошите мигови и си простил на туѓата неспособност да те љубат и прифатат.
Духовна аптека

Без љубов животот нема смисла 

  • 24.02.2026
Како што поминуваат годините, деновите гледаме дека љубовта меѓу луѓето оладува и затоа многумина се разболуваат. Човек без љубов е