FFC

Бебето што требаше да биде абортирано денес носи надеж во светот

Се исполнува пророштвото за Џастин Бибер, бебето кое требаше да биде абортирано – денес Бог моќно го употребува за духовно будење на милијарди луѓе.

Мајката на Џастин Бибер за малку ќе направела абортус. Но, таа присуствувала на духовното будење (Toronto Revival) во Торонто, каде што пасторот пророкувал дека нејзиниот син ќе биде употребен од Бог во духовното будење на многумина. И сведоци сме дека тоа веќе се случува. Џастин со години отворено зборува за својата вера во Исус и редовно ги прекинува своите концерти за да Му оддаде слава на Исус.

Во неделата на финалето на Светското првенство во фудбал се случи нешто чудесно, момент за паметење – Џастин Бибер испиша историја прославувајќи Го Бога пред 1,8 милијарди луѓе ширум светот со својата песна „Everything Hallelujah“ од неговиот албум SWAG II, дури и го смени завршниот текст во „World Cup Hallelujah“.

Финалниот натпревар се играше на стадионот МетЛајф во Њу Џерси, а по примерот на американските спортови, за време на полувремето за прв пат беше организирано шоу т.н. „half-time show“ со бројни познати изведувачи. Меѓу другите настапија Мадона, Шакира, К-поп сензацијата BTS и Џастин Бибер. За разлика од спектакуларните настапи на другите изведувачи и сцена исполнета со оскудно облечени танчери или сатански симболи, настапот на Бибер беше смирен, едноставен и искрен. Сам со акустична гитара, познатиот пејач ја изведе една од своите понови песни „Everything Hallelujah“, во која извикува „Алилуја“, односно „Фалете Го Господа“, по секоја мала работа што ја споменува во песната.

Инаку, Џастин Бибер ја сними песната „Everything Hallelujah“ во септември минатата година, а оваа година ја изведе и на фестивалот Coachella, што беше негов прв јавен настап по неколку години. Песната стана и тренд на TikTok, каде што корисниците, по примерот на Бибер, набројуваат работи за кои се благодарни и по секоја од нив велат „Алилуја“.

Песната, во која се чувствува влијание на госпел музиката, неодоливо потсетува на старозаветните псалми во кои за сè Му се принесува благодарност на Господ. Тоа не изненадува ако се земе предвид дека Бибер во изминатите години повеќепати јавно зборуваше за својата христијанска вера и редовно посетуваше т.н. мегацркви – облик на протестантски заедници во кои голем акцент се става на славењето на Бога преку музиката.

Што значи „Алилуја“? Зборот „Алилуја“ (или „Халелуја“) потекнува од еврејскиот јазик и буквално значи „Слава на Господа“ или „Фалете Го Господа“. Тоа е изјава дека Бог е достоен за пофалба и често се среќава во Библијата, особено во Псалмите, и претставува повик кон верниците да Го слават и да Му благодарат на Бога за сѐ и во секоја ситуација. – „Сѐ што дише – нека Го фали Господа!“ – Псалм 150:6

Пораката на песната е дека дури и најмалите и секојдневни дарови семејството, љубовта, воздухот што го дишеме, сонцето и дождот – се причини за благодарност кон Бога и за изговарање на зборот: „ Халелуја“. “Халелуја” нè потсетува да Го фалиме Господа не само кога животот оди добро, туку во секоја сезона. Во победата и во поразот.

Во радоста и во страдањето. Кога разбираме и кога не разбираме. Светото писмо постојано нè повикува да му веруваме на Бога и да Му оддаваме пофалба во секоја околност: „Ќе го благословувам Господа во секое време; Неговата пофалба постојано ќе биде во мојата уста.“ – Псалм 34:1

И она што е најфасцинантно за Џастин е дека Бог го избрал и го спасил буквално од смрт бебето на една тинејџерка кое требало да биде абортирано пред 32 години, и сега го употребува да насочи 1,8 милијарди луѓе кон Исус Христос среде еден од најголемите и најгледаните спортски настани во светот.

Бог ги избира слабите, малите, незначајните, скршените, отфрлените и сака да ги употреби за Негова слава. Тој ги претвора болните приказни во сведоштва за Негова слава, покажувајќи дека Неговите планови се поголеми од нашите околности, дека никој не е надвор од Неговиот дофат и ниту еден живот не е безвреден, без смисла и цел. Сите сме вредни и скапоцени во Божјите очи, Бог има совршени планови и замисли за секој од нас и секој што ќе повика кон Него ќе биде спасен и избавен од секакво страдање, ситуација и вечна смрт и може да биде употребен за Негова слава.

Браво за Џастин Бибер, за неговата храброст и смелост и на сцената и пред милиони луѓе уште еднаш јавно да Му оддаде слава на Христос! Нека оваа негова порака „Everything Hallelujah“ допре, поттикне и охрабри многумина да Го бараат Господа и да Го фалат во секоја сезона од животот.

„Содржината е базирана на јавно достапни онлајн информации, со авторска обработка и интерпретација.“

Подготвил: Маја Димитријевиќ

Можеби ќе ви се допадне

FFC

Ковачница (The Forge)

  • 06.03.2026
(препорака за филм) Трогателна приказна за еден изгубен млад човек кој, воден од моќта на пријателството и незаслужената благодат, го
FFC

99-годишен доживотен и познат атеист сведочи како Исус го пронашол на самиот крај

  • 12.03.2026
Речиси 80 години, Валтер Бригс си постави за мисија да ги убеди луѓето дека Бог не постои. Целиот свој живот