Пародијата доби ново име „травестија“, се е излезено од природниот тек: братски народи војуваат меѓусебе, глобално ги трујат сите луѓе во светов и тоа на видлив начин преку воени отрови, флуор во водата, пестициди, сега ќе се наметне глад и нова криза, и од сето тоа сите корпорации заработуваат, тие предизвикуваат страдања кај луѓето и од тоа заработуваат, се погази идентитетот на нациите, а во меѓувреме се промовират неморални однесувања, пеат за демони, го обожуваат телесното, се поклонуваат на ваал, го слават сатаната.
Како се да е дозволено, како се да треба да биде разголено, да се биде надвор од маргините и стереотипите стана изговор за перверзија и анархија. Во име на уметноста се промовира окултизам, во име на христијанство се промовира политика. Цел свет е во хаос раздвижен од глобалисти, сатанисти, бирократи, но од сето тоа веројатно со еден збор би ги опишал како хулители, па би надоврзал безсрамни, лицемерни, неморални и бунтовни луѓе кон Бога.

Општоприфатено на ова време е да се биде дрзок и своеволен, очигледно луѓето здивеа, се оддалечија од Бог и отсуствува светоста, а наскоро Тој доаѓа за да ги земе своите, останативе месождери ќе останат во својата перверзија, ќе се кинат и јадат. Има ли надеж? Да има, има начин како да ги пресечеш конците и да не си веќе ничија марионета, ако направиш вистински избор. Веќе нема назад, не се враќа минатото, нема пионери и Југославија, има само припадност во светов и светскиве грозотии и потоа во пекол или припадност во Христос и потоа во Рај.
Христос е надежта, одговорот, излезот, спасението, во Него е животот кој не згаснува, Тој те ослободува и не си роб на гревот, светот, не си марионета или нечиј поданик, туку слободен човек, но само преку Христос.
Прими Го Исус Христос за свој Господ и Спасител и не живеј како некогаш, ниту за тоа што ќе рече светот за тебе, сега тргни по Божјиот Пат за да бидеш спасен.
Извадок од книгата „Биди поинаков“ од М-р Константин Кајшаров

