Духовна аптека

Oслободување од оковите на вината

„Пасторе јас постојано се соочувам со алергии, егзема, псоријаза, херпес и други разни кожни заболувања. Најчесто овие проблеми се или на рацете поради кое не можам да носам ниту часовник ниту алки, некогаш на лактите, а истотака и на нозете кај глуждовите заради кое не можам да носам било какви чорапи. Разговарав со лекарите, но тие не знаат од каде се појавуваат овие проблеми и зошто само на тие места има манифестација. Со медицинските средства кои ми ги даваат, временски се смирува ситуацијата, но потоа ќе започне нешто друго и тоа повторно се појавува на кожата на тие места. Ми рекоа да се советувам со психолог бидејќи мислат дека проблемот е психосоматски. Инаку сум побожен, се молам и одам во Евангелска Црква, давам десеток и читам Библија, но како постојано да сум под притисок. Дали се тоа демони кои постојано ме напаѓаат?“ – праша човекот.

„Не тоа не се демони, туку твојата духовна состојба. Веројатно се сомневаш дека Бог можеби нема да ти ги прости сите гревови и живееш под притисок од сомнежот и вината која ја носиш со себе. Многу често тоа што го веруваш се манифестира надворешно. Јас мислам дека коренот на твоите кожни проблеми е погрешното верување дека Бог не ти простува и состојбата што се чувствуваш виновно.“ – му одговорив.

„Точно така се чувствувам, Пасторе јас навистина сум виновен, јас мислев дека тоа е нормално бидејќи згрешив. Во Црквата нѐ учат дека ние треба да знаеме дека Бог казнува и дека треба да се трудиме за да не грешиме. Јас еднаш се опуштив, се опијанив, пушев и направив други неморални работи и потоа почнав да живеам со вина и постојан притисок. Не мислев дека Бог ќе ми прости бидејќи направив гревови, а при тоа веќе сум водно крстен и член на Црквата две години. Наместо јас да созревам, јас уназадувам, се срамам од тоа и се обвинувам. Од тогаш некако паднав и не можам да се кренам. Но Пасторе, зошто баш на кожата имам вакви појави, зошто не е на друго место, туку само кај рацете и глуждовите? Не можам да сфатам.“ – загрижено сподели човекот.

„Неудобството во сопствената кожа, чувството дека ти е претесно во сопственото тело, како и борбата за да се ослободиш од оковите на вината ја прави кожата ранлива, а сите појави и воспаленија кои ги имаш се на оние места на кои најчесто поробените луѓе носат окови кога се во затвор. Тоа се рацете кај гривнените зглобови и глуждовите на нозете. Излегува дека точно кадешто се тие кожни проблеми те стискаат оковите на вината и ти не живееш како слободен христијанин, туку како роб на Законот. Погрешното верување е во тоа што ти се идентификуваш со твоите грешки и слабости, а не со она кое Исус го стори за тебе. Ѓаволот го користи Законот за да те обвинува според него, и тој веднаш ја нападнал твојата психа со „разумни обвинувања според Законот“ дека ти си виновен и недостоен за Бога. Токму тој притисок што го живееш, те оддалечува од Бога и наместо да ја примиш прошката и да се насладиш на Божјата благодат, ти живееш поразено.

Ова незадоволство подоцна би можело да се изрази или како бунт против Бога и заминување од Црквата кадешто одиш или како потиснато живеење со чувство на ниска вредност, во религиозност и со низа проблеми. Тоа не е здрава духовна состојба бидејќи наместо победнички живот, ти живееш поразено со лажна фасада дека си побожен и посветен верник. Потребно е да го трансформираш тоа религиозно верување со духовното верување кое е Библиско и ти објаснува дека веќе сѐ ти е простено:

„Вие бевте мртви поради гревовите во вас, зашто вашата грешна природа не беше отстранета од вас. Но Бог ве оживеа, заедно со Христос! Тој ни ги прости сите наши гревови.“ Колосјаните 2:13

Извадок од книгата „ПОБЕДУВАЈ СО ЕМАНУЕЛ“ М-р, П-р Константин Кајшаров

Можеби ќе ви се допадне

Духовна аптека

Биди сонце што не згаснува

  • 24.02.2026
Денот е посветол кога не ги паметиш лошите мигови и си простил на туѓата неспособност да те љубат и прифатат.
Духовна аптека

Без љубов животот нема смисла 

  • 24.02.2026
Како што поминуваат годините, деновите гледаме дека љубовта меѓу луѓето оладува и затоа многумина се разболуваат. Човек без љубов е