Според одредени истражувања луѓето кои практикуваат благодарност и кога тоа им е
стил на живеење, докажано е дека се во подобра здравствена состојба, за разлика од
неблагодарните луѓе. Кога се правело тоа испитување направено е со луѓе кои не биле
духовни, но практикувале благодарост како life style, во однос на колегите, благодарност кон роднините, кон пријателите, семејството итн.
Истражувањата кои ги вршеле научниците, невролозите и психолозите укажуваат на важноста, која ја има благодарноста врз нашата психа и целокупниот живот.
Некои од заклучоците се следниве:
- Благодарноста ја зголемува среќата и долгорочната благосостојба и прави луѓето да се помалку завидливи и материјалистички ориентирани;
- Благодарноста ја зголемува емпатијата и способноста за грижа кон другите луѓе;
- Благодарните луѓе полесно простуваат, бидејќи имаат поголемо разбирање за останатите;
- Физичкиот и психичкиот стрес се намалува и се смирува целото тело;
- Изразувањето благодарност помага да се чувствуваме сакани и духовно поврзани;
И сега, колку ли повеќе човек кој е верник во Бога, кога ќе изразува благодарност кон Господ Исус Христос, ќе работи на својата добросостојба во сите аспекти од своето постоење. Радосната благодарност создава атмосфера за манифестирање на Божја сила, Божја интервенција, Божја моќ и енергија, кои го исполнуваат нашиот живот и го јакнат ведриот дух. Благодарноста позитивно влијае на физичката, духовната и емоционалната состојба и ако тоа се овозможи да биде кон Господа, тогаш од Него доаѓа уште поголемо влијание врз обновување на здравјето, односно целосно возобновување на сите процеси во телото на човекот и во неговата психа. Благодарноста е Божја волја и кога се благодари на Господ, всушност се изразува угодност кон Бога, како што е
напишано во Светото Писмо кое вели:
„Радувајте се секогаш! Молете постојано! Благодарете за сè, зашто тоа е Божја
волја за вас во Христа Исуса!“ – 1 Солунјани 5:18
Извор: CdM
https://www.cdm.me/lifestyle/psihologija/naucno-dokazane-prednosti-zahvalnosti/

