Прекрасен ден, но дали сите сме благодарни на Бог за секој благослов? Овците на Исус се тие луѓе кои Му веруваат и Го следат, тие се понизни, духовни и благодарни, додека своеволните, инаетливите, горделивите, тие се себични, се слушаат себе си, благодарни се само за материјалното и преку личен бенефит ги ценат нештата, тие се кози. Козите не се како овците кои сплотено одат во стадо и Го следат Надпастирот Исус, козите тегнат на своја страна, влегуваат во опасности и во свои концепти на живот без Божјото Евангелие, притоа очекуваат пастирот нив да ги следи, а не обратно.
Е некогаш козите се во исто друштво со овците.
Дојдовме до оваа точка кадешто сите ќе разберат кои се овци, а кои кози според пишаното:
„Кога Синот Човечки ќе дојде во Сиот Свој сјај, придружен од сите Свои ангели, ќе седне на Својот славен престол и ќе ги собере околу Себе сите народи. Тој ќе ги одвои во две групи како што овчарот ги одлачува овците од козите. Овците ќе ги постави на Својата десна страна, а козите на левата. Тогаш Царот ќе им се обрати на оние од десната страна: „Вие сте благословени од Мојот Татко; дојдете и примете го Царството што е приготвено за вас уште од создавањето на светот.“ – Maтеј 25:31
Времето е кратко, но некои го погазуваат ова предупредување, научени се со глава во ѕид да тераат, сепак пишано е:
„зашто е време да почне судот од Божјиот дом; а ако почнува прво од нас, каков ли ќе им биде крајот на оние, кои не му се покоруваат на Божјото Евангелие“? – 1 Петар 4:17
Покорни на Божјото Евангелие, да бидеме сега и постојано, да бидеме во Божјиот дом.
Извадок од книгата „Биди поинаков“ од М-р Константин Кајшаров

