Радоста на животот доаѓа од Господ Исус Христос. Тој ни го збогатува секој миг со
Неговата благодат и кога целосно Му се препуштаме , тогаш ја освежува нашата душа,
на зелени пасишта ни дава починка , при тивки води – не води….
А штом ја имаме радоста на животот, разбираме дека имаме сè.
Кога Бог е изворот на нашата надеж, тогаш сме исполнети со радост и со мир заради
нашата вера во Христос.
И тој мир и таа радост не може да ги замени лажната надеж во нешто што е
материјално и минливо, расипливо и непостојано.
Само во Него е животот, во изобилие и радост, само во Него постоиме и како деца се
радуваме. Тој ги осветлува оние кои се во темнината и ги упатува нашите нозе по патот
на мирот.
Без Него нашата надеж ќе беше празна, не ќе имаше утеха кога ни е најпотребна, не ќе
имаше спасение и вечен живот.
Затоа од срце да Му заблагодариме и Името да Му го прославиме.
Благодарни за секој благослов, да останеме во Неговото присуство, дозволувајќи
Божјата волја совршено да се исполнува во нашите животи.
„Радувајте се во надежта, бидете трпеливи во неволја; постојани во молитва!“
Римјани 12:12
М. Ј.
Изворот на надежта

