Духовна аптека

Овој летен миг може да ти го промени животот

Времето не се враќа назад, не може да се врати пропуштеното, но ако сакаш да си помогнеш и по неколку години да не жалиш за ова лето тогаш:

  • Престани да размислуваш колку килограми си бил/а лани или пред 2 години;
  • Престани да правиш разлики како тогаш си се смеел/а, си изгледал/а помладо, а сега имаш брчки на цело лице;
  • Престани да ги оживуваш спомените на задоволства од дружења од кои беше повреден/а односно потценет/а.

Не гледај назад и не мисли на тоа што беше, сега е време да гледаш напред и секој сегашен миг да го исполниш со радост и вистинско задоволство. Знаеш ли дека тешко можеш да се сетиш кога си се смеел на глас иако тоа било пред неколку дена, зашто си навикнат да ги помниш негативните ситуации.

Промени го тоа, сонувај мечтај за ова лето бидејќи може да биде незаборавно. Не преживувај во џунглата бидејќи да живееш не значи прави што сакаш и препушти се на инстинктите, ти не си животно. Живеј и царувај над џунглата, живеј благородно, достоинствено и во баланс за да траеш подолго од еден нов автомобил. Живеј свесно, вистински, тоа е дар од Бога.

Извадок од книгата „Биди поинаков“ од М-р Константин Кајшаров

Можеби ќе ви се допадне

Духовна аптека

Биди сонце што не згаснува

  • 24.02.2026
Денот е посветол кога не ги паметиш лошите мигови и си простил на туѓата неспособност да те љубат и прифатат.
Духовна аптека

Без љубов животот нема смисла 

  • 24.02.2026
Како што поминуваат годините, деновите гледаме дека љубовта меѓу луѓето оладува и затоа многумина се разболуваат. Човек без љубов е