Духовна аптека

Предавство со бакнеж – ноќта кога љубовта беше предадена за сребреници

Исус избра 12 апостоли, кои ги предодреди да ја извршат Божјата мисија. Тој ги избра слабите, за да ги посрами мудрите. Тој не ги избра свештениците, фарисеите или садукеите, кои студираа на Светото Писмо од храмот, тој ги избра риболовците, затоа што им го познаваше срцето.
Исус знаеше што има во луѓето, но меѓу избраните дозволи да биде Јуда. Исус знаеше кој е Јуда и дека сака да го предаде.

Јуда беше еден од 12-те апостоли и сведок на многу Исусови чуда, тој ги гледаше, забележуваше што Исус врши , но сепак не беше следбеник на Исус. Јуда беше тој, кој отиде кај свештеничките поглавари и вероучителите и го предаде Исус за 30 сребреници.
Предавството беше поради бунт и алчност. На пасхалната вечера кога Исус беше со апостолите кажа дека еден од нив ќе го предаде.

Сатаната влезе во Јуда, затоа што вратата на неговото срце веќе беше отворена. Неговото срце беше стврднато и покрај тоа што беше во Божјото присуство и во изобилието на Божјата љубов.
Јуда повеќе ги сакаше парите и токму затоа го предаде Исус. На свештеничките поглавари им кажа да го фатат оној, кого при поздравувањето ќе го бакне. И така заедно со нив и со толпа народ вооружени со мечеви и стапови пристигна кај Исус и го бакна, Го предаде со бакнеж и Исус беше уапсен.

Што се случи со Јуда?

Предавникот Јуда кога разбра дека Исус е осуден на смрт, кај него се јави грижа на совест, па ги врати 30-те сребреници на свештениците и поглаварите, Јуда премногу доцна се премисли. Тој разбра дека згрешил, сигурно зажалил, почувствувал вина, но таа тежина што ја имаше Јуда, не го доведе да побара прошка, не го доведе до тоа да признае пред Бог дека е слаб, туку само почувствува жалење и тоа го доведе до смрт – се обеси.
Иако Исус беше изневерен, Тој никогаш, никого не изневерува. Тој беше понизен и послушен на Бог Отецот и тоа го покажа со делото на Крстот.

И денес луѓето го предаваат Исус. Како тоа се случува?

Кога не Му веруваат дека им е доволен да ги снабди, или да ги исполни нивните очекувања и нивните потреби. Кога имаат такви состојби и не се потпираат на Господ, тогаш не Му веруваат на Господа, туку со својот труд го заменуваат.
Ние ќе се снабдиме, ние ќе излеземе од криза велат… и се потпираат на себе си. Тогаш може да го предадат за пари, за слава, за различни состојби кои ќе им дадат утеха или пак ќе ги снабдат во моменталната ситуација и ќе им дадат сигурност.
Многумина тврдат дека веруваат и го следат Исус, но прашањето е со каков мотив? (какво им е срцето?)

Нашето срце треба да е чисто и предадено на Бога. Во Библијата пишува, ниеден слуга не може да им служи на двајца господари или едниот ќе го сака, а другиот ќе го мрази или едниот ќе го почитува, а другиот ќе го презира. Не може да им се служи и на Бог и на парите – така е пишано во Словото. А Јуда беше токму таму, помеѓу парите и Исус, а каде
ти е богатството, таму ти е срцето.

Маја Јовевска

Можеби ќе ви се допадне

Духовна аптека

Биди сонце што не згаснува

  • 24.02.2026
Денот е посветол кога не ги паметиш лошите мигови и си простил на туѓата неспособност да те љубат и прифатат.
Духовна аптека

Без љубов животот нема смисла 

  • 24.02.2026
Како што поминуваат годините, деновите гледаме дека љубовта меѓу луѓето оладува и затоа многумина се разболуваат. Човек без љубов е