FFC

Препорака за документарен филм: Случајот Христос

Дали Евангелијата се навистина веродостојни и дали може да се верува дека останале непроменети од нивните оригинални верзии? Од кога датира најстарото Евангелие? Што значи оралниот пренос на информации во првиот век? Колку копии се пронајдени од првите Евангелија? Случајот Христос е документарец кој ќе ги предизвика убедувањата дури и на најзакоравените атеисти. Откако неговата сопруга еден ден ќе се врати дома со вест дека Го прифатила Христос за свој Господ и Спасител и станала Христијанка, Ли Стробел, новинар и деклариран атеист тргнува во мисија да најде докази со кои ќе го побие Христијанството и ќе ја одврати својата сопруга од верата.

Така започува период на повеќегодишно истражување, разговори и интервјуа со универзитетски професори, историчари, теолози, научници со една единствена цел – да ги собере сите докази кои се за или против точноста на Евангелијата и ултимативно – Христовата смрт на крстот и Неговото воскресение. Иако на почетокот е убеден дека неговиот поглед на светот ќе биде потврден, преку објективна анализа и согледување на доказите, Ли несомнено доаѓа до откритија кои ќе ги поткопаат темелите на неговите атеистички верувања.

Четирите Евангелија (според Матеј, Марко, Лука и Јован), според историските методи несомнено можат со голема веродостојност да се земат за точни и прецизно напишани во првиот век од нашата ера. Повеќе од 80 пати во Новиот Завет, Исус Христос се идентификува Себе Си како Синот Човечки. Со овој назив, во Стариот Завет во седмата глава на пророкот Даниел е опишан Некој на Кој Му е дадено слава, власт и вечно царство:

„Видов во ноќните виденија, а тоа на небесните облаци како да идеше Синот Човечки, дојде до Старецот и застана пред Него. И Нему Му се даде власт, слава и царство, за да Му служат сите народи, племиња и јазици; владението Негово е владение вечно, кое нема да измине, и Царството Негово нема да се разруши.“ – Стар Завет, Даниел 7 глава 13,14

Покрај тоа што Исус Христос се идентификува Себе Си како Господ, во Евангелијата има записи за многу чуда кои Тој ги вршел. Документарецот понатаму истражува дали постојат докази кои потврдуваат дека овие запишани чуда се резултат на Божествената природа на Исус Христос.

Математичката веројатност за остварување на сите старозаветни пророштва за Месијата од страна на една личност е неверојатно мала, но сепак Исус ги оствари сите нив, согласно Евангелските записи. Документарецот кулминира со анализа на доказите за смртта и воскреснувањето на Исус Христос.

Истражувањето за Ли значеше изградба на нов поглед на светот кој за него отвори можност за чекорење на поинаков пат во животот- пат исполнет со вера и Божји благослови. Овој доккументарец несомнено интелектуално ќе го потврди она што многу верници го знаат длабоко во срцето –дека на Библијата може да се верува, додека истовремено ќе го разниша секој атеистички поглед на оние луѓе кои се подготвени да излезат од ограничувачките предрасуди и да ги следат историските докази како што тоа го направи Ли Стробел.

Извор: YouTube (канал: ChannelC² )

Кристина Димитриевска

Можеби ќе ви се допадне

FFC

Ковачница (The Forge)

  • 06.03.2026
(препорака за филм) Трогателна приказна за еден изгубен млад човек кој, воден од моќта на пријателството и незаслужената благодат, го
FFC

99-годишен доживотен и познат атеист сведочи како Исус го пронашол на самиот крај

  • 12.03.2026
Речиси 80 години, Валтер Бригс си постави за мисија да ги убеди луѓето дека Бог не постои. Целиот свој живот