Духовна аптека

Религијата раѓа проклетство!

Да се практикува религија значи да се биде под Законот, односно твојот систем на верувања да биде потчинет под правила и системи.

Многупати луѓето сакаат да бидат исцелени физички и психички, но наместо да се отворат кон Бога и да осознаат дека им треба Спасителот Исус Христос, наместо да вдишат во Неговата благодат, тие го бараат лекот на погрешно место и наместо лек добиваат отров. Таков е случајот кога се обидуваат да се помират со Бог преку придржување кон Мојсеевиот Закон. Тогаш, тие се одвојуваат од Христос и ја губат Неговата благонаклоност. Затоа многу христијани во животот имаат проблеми, страдаат соочени со проклетства, зашто иако знаат за Христос, тие сепак живеат со исполнување ритуали, обреди и правила поради кои мислат дека Бог ќе им прости или ќе им биде благонаклонет.

Замисли, ти ќе сториш грев и после ќе се исповедаш на свештеникот, тој ќе ти каже да се молиш еден ден, да постиш 40 дена и дека така ќе се исчистиш?!? Каде е Исусовата крв тука која е единствената што очистува од гревот? Со совети дека треба да правиш дела за искупување кажани од свештени лица ќе си мислиш дека со постот и молитвата ќе се исчистиш од гревот и дека Бог ќе ти прости оти си се пожртвувал и не си јадел шунка и јајца 40 дена додека си бил на пост? Ќе мислиш дека заради твоите напори и сили да бидеш на пост и молитва ти е простено, нели?

“Зашто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас самите – тоа е Божји дар! Не од делата, за да не се фали некој.” (Ефесјаните 2:8,9)

Ние по благодат сме спасени преку верата и тоа е Божји дар. Светото Писмо јасно кажува дека со свои дела не можеме да се оправдаме и да се стекнеме со самоправедност пред Бог, тоа е грев. Секогаш кога се потпираш на себе и своите способности, ти влегуваш под религиозниот Закон и си во ропство, бидејќи отпаѓаш од благодатта на Бог.“Вие, што посакавте да се оправдувате со Законот, Го изгубивте Христос, отпаднавте од благодатта.” (Галатјаните 5:4)

Незнаејќи за ова, во некои деноминации или Цркви, луѓето палат свеќи, носат чорапи, зејтин, и прават разни ритуали кои ги држат под јарем. Нивната совест ги пече и мислат дека треба да направат нешто за Бога, со кое Тој ќе им биде благонаклонет и ќе ги награди, или исцели, или ослободи од демони. Тие не разбираат дека со жртви и дарови од таков тип Тој не се задоволува, туку единствено со жртвата на Исус Христос која е веќе дадена, и со неа Тој е наполно задоволен. Тие не разбираат дека единствено што треба да направат е да пребиваат со вера во Христос живеејќи уверено дека Бог ги сака по Божјата благодат. Тоа неразбирање, неосознавање, ги прави да Го омаловажуваат и подгазуваат Христос, затоа сами се осудуваат на страдање и измачување. – “Кој верува во Синот, има вечен живот; а кој не се покорува на Синот, нема да види живот, туку Божијот гнев останува врз него.“(Јован 3:36)

Проклетството е израз на Божји гнев и носи неплодност, беда и сиромаштија, несреќи, смртни случаи, абортуси, тешки болести, измачувања, умирање, кражби, убиства, немање брачна реализација и разни појави на страдање.  – “Сите оние што се надеваат дека ќе се спасат преку придржување кон Мојсеевиот Закон живеат под проклетство! Светото Писмо вели: „Проклет да е секој што не исполнува се што е запишано во книгата на Законот.“ (Галатјани 3:10)

Човек под проклетство е подложен на демонски напади и магиски дејства. Кога човек ќе поверува во Христос, тогаш прима спасение од вечна смрт и станува благословен човек кој живее во изобилие на Божја благодат од материјални и духовни благослови.

Извор: “Победувај со Емануел”, од Константин Кајшаров

Можеби ќе ви се допадне

Духовна аптека

Биди сонце што не згаснува

  • 24.02.2026
Денот е посветол кога не ги паметиш лошите мигови и си простил на туѓата неспособност да те љубат и прифатат.
Духовна аптека

Без љубов животот нема смисла 

  • 24.02.2026
Како што поминуваат годините, деновите гледаме дека љубовта меѓу луѓето оладува и затоа многумина се разболуваат. Човек без љубов е