Најпаметниот човек на планетата ја истражувал Библијата и стигнал до истиот заклучок кој милијарди верници го имаат со векови: Библијата е совршена.
Во светот често е верувањето дека верата и интелигенцијата се некомпатибилни една со друга. Односно дека колку човек е со повисоко ниво на интелигенција, толку повеќе му се намалува верувањето дека Библијата може да се смета за веродостоен извор за вистина. Но, човекот со највисок коефициент на интелигенција во светот целосно го разруши ова верување. Но, не поради игнорантност, туку поради длабок аналитички пристап кон Библијата што најголем дел од критичарите на Светото Писмо никогаш не го аплицирале за да ја проучат.
Библијата континуирано го преживува секој обид да биде дискредитирана. Археолозите континуирано имаат нови откритија преку кои потврдуваат дека настаните опишани во Библијата навистина се случиле. Историчарите исто така наоѓаат прецизност онаму каде што очекувале да најдат контрадикторност. Најпаметниот човек во светот ја истражи и заклучи – оваа книга е совршена.


Јонг Хун Ким е моментално човек со највисок IQ коефициент во светот од 276, и смета дека Библијата е совршениот, вечен и финален Божји Збор.
Оваа изјава не е резултат на интелектуална слабост, туку производ по длабоко истражување на доказите. Човекот со највисок коефициент на интелигенција во светот ја истражи Библијата и не најде доказ врз основа на кој може да ја побие – напротив најде причина да ја објави како апсолутна вистина.

