Познатиот јапонски научник Др. Масару Емото со своите истражувања докажал дека
изговорените зборови и музиката влијаат на структурата на водата со што направил
револуционерни откритија на тоа поле.
Тој направил експеримент при што одредена количина на вода во стаклен сад била
изложена на агресивна, јака музика, или на неубави зборови, потоа била замрзната и
гледана под микроскоп при што молекулата на водата под такво надворешно влијание
добила неправилна, аморфна форма.
Кога водата, пак била изложена на пријатна, духовна музика, на молитва или убави
зборови, тогаш нејзината структура добила правилна форма на кристал.
Ваков експеримент Др. Масару Емото направил со примерок вода кој го изложил на звуци
од песна создадена и испеана од М-р Константин Кајшаров, магистер по Клиничка и
советодавна психологија, автор и изведувач на христијанска музика, при неговата посета
на Јапонија. Испитувањата покажале дека молекулата на водата добила правилна форма на
кристал што потврдува дека молитвата и духовната музика ја одржуваат нормална
структурата на водата во вид на правилна хексагонална форма.
Во 1997г овој јапонски научник ја испитувал и водата од Езерото на браната Фуџиуара во
Јапонија. Како што може да се види од првата слика структурата на загадената вода била
неправилна, темна и аморфна.


Потоа била направена едно-часовна молитва покрај браната на езерото и по молитвата
биле земени нови примероци од водата кои биле замрзнати а потоа фотографирани. Како
што може да се види од втората слика, промените биле зачудувачки! По молитвата
молекулата на водата добила убава форма на сјајно-бел шестоаголен кристал.
Со тоа било докажано дека со помош на молитвата водата од езерото се прочистила.
Чистите изворски води покажуваат структура со убави правилни кристали а загадените
води создаваат неправилни форми во својата структура, но истите по искажана молитва се
прочистуваат и создаваат кристали со убава, складна форма.
А. Х. Д.

