Духовна аптека

Емотивната интелигенција плод на духовна зрелост

Емотивно интелигентната личност е зрела личност, продуховена, која е свесна не само за своето постоење туку и за средината, луѓето кои ја опкружуваат и нивните потреби. Оваа личност е созреана во зависност од тоа колку дава љубов, посветеност и добродетелност за заедницата. Созреаната личност е од полза за сите и носи одлуки кои се конструктивни, градат доверба, развиваат заедништво и почитуваат. Ваквата личност знае да “прочита” низ што поминуваш, што е потребно и како да се реагира дури и кога тоа не е кажано гласно.

Но, за жал некои луѓе и да им кажеш глуви се, некогаш и да им објасниш не разбираат како да се глувонеми странци. Некои од овие, емотивната зрелост ја толкуваат како арогантност и свесност за своите потреби, а некои како да се на некое високо ниво и должен си за се да им даваш објаснување да ги молиш да те поддржат или да се согласат за некоја работа.

Таквите емотивно-духовно НЕДОЗРЕАНИ личности:

  • нема да те пречекаат со колата на аеродром кога ќе пристигнеш иако имаат кола;
  • нема да те прашаат дали ти треба одмор или храна, туку ќе те испрашуваат за нивниот интерес да видат дали ќе го задоволиш или не;
  • нема да се извинат ако згрешиле, туку на друг ќе ја префрлат одговорноста или ќе игнорираат кога им укажуваш на пропустите;

Тие личности често имаат безброј изговори за нивните пропусти искажувајќи силни реченици, но без постапки и дела на љубовта.

Тие се како оние мали деца кои се слатки и заиграни со своите лични играчки и јадат млеко со искршени бисквити, и нив можеш само да ги сакаш без да очекуваш да ја „ископаат нивата“, барем додека не созреат вистински.

Сакај ги, моли се за нив, верувај дека ќе созреат и не откажувај се од нив, биди поинаков!

Извадок од книгата „Биди поинаков“ од М-р Константин Кајшаров

Можеби ќе ви се допадне

Духовна аптека

Биди сонце што не згаснува

  • 24.02.2026
Денот е посветол кога не ги паметиш лошите мигови и си простил на туѓата неспособност да те љубат и прифатат.
Духовна аптека

Без љубов животот нема смисла 

  • 24.02.2026
Како што поминуваат годините, деновите гледаме дека љубовта меѓу луѓето оладува и затоа многумина се разболуваат. Човек без љубов е