Вести

13 годишно момче пливаше 4 часа за да го спаси семејството

Едно 13-годишно момче од Австралија беше донесено на границите на човечката издржливост откако пливаше 4 часа на отворено море за да ги спаси својата мајка и помалите брат и сестра. А откако тој и целото негово семејство беа спасени, ја оддаде целата слава на Бог.

Во февруари 2026 годна, Остин Еплби заедно со неговата мајка, брат и сестра биле на плажа во близина на Квиндалап на западниот брег на Австралија. Времето било убаво и тие биле заедно во водата со кајак и даски за веслање кога силниот ветер и морските струи набрзина ги одвеле далеку од брегот. Даските за веслање и кајакот било речиси невозможно да се контролираат пред силните струи и семејството со голема брзина било оддалечено многу далеку од брегот. Тогаш мајката на Остин донесла храбра одлука, да го прати најстариот син да плива до брегот за да најде помош.

Остин пливал во ладното море, во бранови, исцрпен и во страв. Во одреден момент дури и го извадил од себе сигурносниот елек бидејќи го забавувал. Пливал повеќе од 4километри без елек,иако никогаш претходно немал испливано толкава далечина. А кога конечно достигнал до брегот, сеуште требало да трча барајќи помош за неговото семејство кое било некаде далеку во морето.

Било околу 18:00 часот по локално време кога конечно стигнал на брегот. Повикот за помош предизвикал огромна потрага, додека Остин се онесвестил веднаш по јавувањето. Тој истакнува дека молитвата, верата и верувањето во Бога играле улога во тоа да остане позитивен додека се борел со исцрпеноста и го надминал стравот во својата мисија да го спаси своето семејство.

Спасувачите подоцна го нашле семејството на Остин, во студ и исцрпеност, но живи. Луѓето брзо започнале  да го нарекуваат Остин херој, но тој јавно истакнал: „Не бев јас, тоа беше Бог цело време!“ додавајќи дека цело време додека пливал бил во молитва кон Бог.

Ова не е само натпис за храброста на едно момче, туку и сведоштво за верата кога се наоѓаме во непредвидени околности со силен притисок над нас. За многу верници, ова е потсетник дека навистина „Се можеме преку Христос Кој ни дава сила!“ особено кога во молитва ја изложуваме нашата надеж кон Него. Бог во Словото не повикува: „ Повикај ме во тежок час, Јас ќе те избавам, а ти ќе Ме прославиш!“
Токму тоа го направи момчето Остин, а Бог е верен на Своите Зборови и ветувања.

„Содржината е базирана на јавно достапни онлајн информации, со авторска обработка и интерпретација.“

Извор: BBC, ABC.net.au

Кристина Димитриевска

Можеби ќе ви се допадне

Вести

Верниците не беа публика – беа духовни оператори!

  • 27.02.2026
На Богослужбата одржана на 22 Фебруари во Христијанска Црква Блага Вест не слушавме само порака – доживеавме движење на Светиот
Вести

Присутните добија ослободување и разрешување од синџирите на заблуда кои ги влечеа назад

  • 02.03.2026
✅️ На Богослужба која се одржа на 28 Фебруари во ХЦ Блага Вест во РМ, се потсетивме на Даровите на