Да си Христијанин не значи да имаш духовен имиџ, туку значи да живееш христијански по моделот и примерот кој што го остави Исус Христос. Исус ги зема гревовите за нас, жртвувајќи се за нас, нè спаси, нè помири со Бог Отецот, и ни останува да ја аплицираме крвта Исусова и во нашиот дом, врз нас и нашиот живот, затоа што тоа е нашиот штит преку што смртта нè одминува, нè заобиколува, а Божјата рака на тој начин нè заштитува.
Затоа, секој Христијанин треба да знае како да ја аплицира крвта на Господ Исус Христос, во сите аспекти на неговото живеење. Така ќе добие простување на гревовите, избавување од смртта, слобода и Божја заштита, која што ќе му овозможи на самиот верник да биде во Божјото присуство, да има постојано Божјо водство и да биде под Божји благослов.
Духовно радиоактивни сте кога сте покриени со крвта на Исус, и кога го објавувате Божјото Слово со силата на Светиот Дух и во името на Господ Исус Христос.
Извадок од Молитва и пост – Духовна заштита преку крвта Исусова од Епископ Константин Кајшаров

