FFC

Чудните појави на снимањето на филмот „страдањата Христови“, кои ја разбрануваа јавноста

Поминаа две децении од снимањето на филмот “Страдањата Христови”, во режија на Мел Гибсон, а за првата половина на 2027 година најавена е премиерата на продолжението на филмот, кое милиони гледачи со нетрпение го очекуваат.

Пред точно 22 години светот занеме пред крвавите и екстремни сцени, кои беаавтентични, но и резултат на одличната техничка и уметничка визуелизација. Овој филм достигна рекордна гледаност, милионски тиражи и огромна заработка. Но, малкумина знаеја дека, додека се снимаше овој филм, на сетот се одвиваше вистинска духовна војна. Последниве години тајните почнаа да излегуваат на површина и многу сведоштва испливаа, кои ја разбрануваа јавноста.

Чудна приказна околу изборот на главниот актер

Кавизел, во моментот кога ја прифатил улогата на Исус, имал точно 33 години, истата возраст на која Христос бил распнат на крстот. Дополнително, неговите иницијали се J.C. (James Caviezel), исто како и оние на Исус (Jesus Christ).

Шокантни сведоштва: За време на снимањето на сцената на Беседата на планината, Кавизел бил директно погоден од гром.

„Видов оган како излегува од моите уши, а целото тело ми беше осветлено“, раскажува Кавизел во неодамнешните исповеди. Тој открива дека за време на една од операциите на срцето по снимањето, тој всушност починал на оперативната маса (односно доживеал клиничка смрт) и видел светлина и неверојатен мир пред да биде вратен во живот.

„Бев удрен од гром додека висев на крстот, а потоа умрев на операција. Бог не сакаше тука за да ја завршам мисијата“, изјави тој.

Главниот актер доживеал брутално страдање во вид на исеченици, хипотермија и скршени коски и вистинско чудо е што останал жив.

За време на сцената со камшикувањето, еден од статистите случајно го удрил Кавизел со вистински камшик, оставајќи му исеченица од 35 сантиметри на грбот. Додека го носел крстот тежок 60 килограми, си го повредил рамото, а поради екстремниот студ во Матера, Италија, страдал од тешка хипотермија и пневмонија.

„Моето тело беше во распад, но духот беше посилен од сè“, открива актерот.

Радикални промени кај актерите

Најпознат е случајот со актерот Лука Лионело, кој го игра Јуда. Тој влегол во проектот како „жесток атеист“, но по снимањето на сцените, толку бил трогнат, што се преобратил, станал христијанин, а подоцна и неговите деца се крстиле.

Истото се случувало и со актерот Пјетро Саруби, кој го глуми ликот на Варава, кој изјавил дека во сцената каде неговиот лик го погледнал Исус, очите на Кавизел немале омраза, туку само милост.

Бројни исцелувања

Едно од најпознатите сведоштва е поврзано со исцелувањето на шестгодишно девојче, кое страдало од тежок облик на епилепсија и од своето раѓање доживувало по 50 епилептични напади дневно. За време на премиерата на филмот, девојчето било целосно исцелено. Епилептичните напади, еден месец по премиерата не се појавиле, а нејзината здравствена состојба значително се подобрила.

Исто така и неколку луѓе зад камерата доживеале исцелувања, а на некои од нив, ненадејно им се вратиле видот и слухот, кои претходно им биле влошени.

Мистериозни фигури

Овие фигури јасно се гледале со голо око на некои кадри зад камерите, но целосно исчезнувале на филмската лента.

Пред самата премиера филмот имаше многу напади и притисок од јавноста, со обвинувања дека е премногу брутален. Целта беше овој филм да не го доживее „светлото на денот” и пораката да не биде пренесена. Дури и самиот режисер изјавил дека повисоки духовни сили се обидувале да го уништат филмот, уште пред да излезе.

Но сепак, овој филм беше емитуван и примен од гледачите како моќно, трансформативно и длабоко искуство, кое предизвика силни реакции кај верниците ширум светот. Филмот успеа да трогне милиони луѓе, кои ја видоа тежината на Исусовото страдање. Светото Писмо беше одново оживеано, а многумина беа поттикнати во верата и молитвата.

„Содржината е базирана на јавно достапни онлајн информации, со авторска обработка и интерпретација”

Извор: www.miracoleplus.com

Маја Јовевска

Можеби ќе ви се допадне

FFC

Ковачница (The Forge)

  • 06.03.2026
(препорака за филм) Трогателна приказна за еден изгубен млад човек кој, воден од моќта на пријателството и незаслужената благодат, го
FFC

99-годишен доживотен и познат атеист сведочи како Исус го пронашол на самиот крај

  • 12.03.2026
Речиси 80 години, Валтер Бригс си постави за мисија да ги убеди луѓето дека Бог не постои. Целиот свој живот