FFC

Бог ми го подари гласот, а во верата го наоѓам својот мир

Младиот хрватски пејач Јаков Јозиновиќ, кој последниве месеци интензивно ги полни концертните сали во регионот e студент на Факултетот за политички науки во Загреб и е познат по своите емотивни изведби и едноставност, која освојува и го издвојува како еден од најавтентичните млади изведувачи на овие простори.

Иако има само 20 години, неговата приказна започнала многу порано и многу скромно, но со многу љубов кон музиката, преку настапи на детски фестивали, а потоа и спонтани настапи на улици и градски плоштади. Последниов период беше препознатлив преку неговите видеа на познатата мрежа ТikTok пеејќи хитови од познати пејачи од регионот и на тој начин старите песни повторно ги оживеа пред својата публика и донесе многу емоции. Интересно е што не се занимавал со самопромоција, туку неговите видеа биле најчесто споделувани од други.

Многумина се прашуваат како е можно за толку краток период овој млад човек да успее да наполни огромни арени и тоа по неколку концерти месечно, кој стои позади него и кој го „турка“ напред. И додека некои со восхит му посакуваат среќа и успеси и велат дека на младите им беше потребна една ваква убава инспирација од некој, кој е сосема природен, насмеан и радосен, други пак го осудуваат велејќи дека пее туѓи песни, наместо свои, нема свој идентитет и дека огромна машинерија му помага на патот кон успехот.

А Јаков на овие провокативни прашања, скромно одговара:
– Бог ми го подари овој глас , но и сè што ми се случува е благослов и Тој стои позади мене! Верата е дел од мене и во неа го наоѓам својот мир и затоа би продолжил по убавиот пат и би останал таков каков што сум, онаков каков што мојата публика ме запозна. Би уживал и би бил благодарен на Бог.

Јаков не пее само за да ја забавува публиката, туку и да им ги допре срцата. Тој покрај поп музика изведувач е и на духовни песни,за кои вели дека го исполнуваат, а преку нив ја шири Христовата љубов, но и ја поттикнува верата во Бога. Исто така ги охрабрува младите да не се срамат да ја сведочат својата вера во Господ, која им носи сигурност во овој премногу гласен свет.

Фактот дека е баран на концерти, настапи, гостувања многу говори за тоа дека луѓето се веќе заситени од неморалното, од темнината која владее во овој свет и копнеат по љубовта, која стоплува и прегрнува, која утешува и носи надеж за подобро утре и за вистински вредности. А токму таква е љубовта на Господ Исус Христос, која се манифестира преку оние кои веруваат во Него и кои имаат отворено срце да Му служат.

Во Светото Писмо има еден прекрасен стих, кој воедно е и поттик за активна манифестација на верата и добриот пример.

„Вие сте во улога на светлина на светот, како осветлен град изграден на врв планина, за сите да го гледаат. Никој не пали свеќа за да ја покрие со капак, туку ја става на свеќник, за да им свети на сите во куќата. Така и вие бидете светлина пред луѓето, нека видат добри дела во вас, па ќе Го слават вашиот небесен Татко.“ – Maтеј 5:14-16

„Содржината е базирана на јавно достапни онлајн информации, со авторска обработка.“
Маја Јовевска

Можеби ќе ви се допадне

FFC

Ковачница (The Forge)

  • 06.03.2026
(препорака за филм) Трогателна приказна за еден изгубен млад човек кој, воден од моќта на пријателството и незаслужената благодат, го
FFC

99-годишен доживотен и познат атеист сведочи како Исус го пронашол на самиот крај

  • 12.03.2026
Речиси 80 години, Валтер Бригс си постави за мисија да ги убеди луѓето дека Бог не постои. Целиот свој живот