Духовна аптека

Божјата љубов го победува секој страв

Се соочуваш ли со несигурност и страв, како од неочекувана страна да се задава удар, потоа неспокој, борба, умор, чувство од кое не можеш да избегаш како нешто да те демне, како да си плен кој го ловат. Срцето пребрзо чука, секој здив како да боли и навираат прашањата: “кој ли сега може да те заштити?”, “ќе умреш или ќе преживееш?”, “како да се спасиш?”. 

Бог може да биде штит на твојот живот: Господ ми е светлина и спасение, од кого да се плашам? Господ е штит на мојот живот, пред кого да треперам? – Псалми 27:1

Бог може да те избави од твоите стравови: Го побарав Господа, и Тој ме чу и од сите стравови мои ме избави. – Псалми 34:4

Бог може да те зајакне: А Бог на секоја благодат, Кој ве повикал во Христа Исуса за Својата вечна слава, по вашето кратко страдање, Сам ќе ве усоврши, зацврсти, зајакне и ќе ве направи непоколебливи. – 1 Петар 5:10

Бог може да биде твоја потпора: Тие се кренаа против мене во денот на мојата несреќа, но Господ беше потпора моја. Ме изведе Тој на пространо место и ме избави, зашто ме засака. – Псалми 18:18

Бог може да биде твоја карпа: Само Тој е моја Карпа и Спасител мој: тврдина моја и нема веќе да се колебам. Во Бога е моето спасение и мојата слава; Бог ми е силна карпа и прибежиште мое. – Псалми 62:6

Бог многу те сака: Зашто Бог толку ги засака луѓето од овој свет, што Го даде Својот Единороден Син, за да не загине ниту еден што верува во Него, туку да има вечен живот. – Јован 3:16

Бог сака да те спаси: Зашто Синот Човечки дојде да го спаси, она што е изгубено. – Матеј 18:11

Бог може да ти даде живот: Кој го јаде Моето тело и ја пие Мојата крв, има живот вечен и Јас ќе го воскреснам во последниот ден. Како што Ме прати живиот Отец и Јас живеам преку Отецот, така и тој што јаде од Мене, ќе живее преку Мене. – Јован 6:54

Бог може да те воскресне: „Тогаш Исус и одговори: „Јас сум Тој што воскреснува и дава живот! Секој што верува во Мене, ќе живее, дури и ако умре! Секој што ќе поверува во Мене за време на својот живот, никогаш нема да вкуси вечна смрт! Веруваш ли во тоа?“ – Јован 11:25

Бог ти вели: И повикај Ме во тежок ден; Јас ќе те избавам, а ти ќе Ме прославиш.“ – Псалми 50:15

Затоа повикај Го: Под целиот небесен свод има само едно име на кое луѓето можат да се повикаат за да се спасат, а тоа е Исус Христос!“ – Дела Ап. 4:12

Зошто на Исус Христос кој е Божјиот Син треба да Му се обратиш со Господе Исусе Христе?

Како човек, Тој се понижи, остана покорен и по цена на Својот живот, и понизно умре распнат на крст. Затоа Бог Го воздигна и Му даде име поголемо од секое друго име. Пред тоа име, пред Исус, сите суштества на колена ќе клекнат: небесните, земните и оние под земјата, сите отворено ќе признаат дека Исус Христос е Господ! Тоа ќе Му донесе слава на Бог Таткото. – Филипјаните 2:8

Што треба да направиш сега?

Ако со својата уста Го признаваш Исус за Господ, и ако во своето срце веруваш дека Бог Го воскресна од мртвите, ќе бидеш спасен. Ако длабоко во себе имаш таква вера, Бог ќе те смета за праведен. Ако со својата уста ја исповедаш оваа вера, ќе бидеш спасен. – Римјаните 10:9

Што ова значи за тебе од овој момент ако си Го примил Исус Христос за свој Господ и Спасител?

А на сите што Го прифатија – на оние што поверуваа во Него – им даде право да станат Божји чеда. Тие се нановородени, но овојпат не физички, не од телесна похота, или пак од волјата на маж, туку се родени од Бог. – Јован 1:12

Штом си Божјо дете сега што може да ти се случува?

Знаеме дека се што се случува, Бог ќе го насочи така што да испадне на добро за оние што Го сакаат Бога и што се од Него повикани за свети цели. – Римјаните 8:28

Дали Божјите замисли се добри за тебе? Светото Писмо вели:

Зашто само Јас ги знам замислите, што сум ги смислил за вас, вели Господ, замислите за добро, а не за зло, за да ви дадам иднина и надеж. – Еремија 29:11

Стани, повикај кон Бога и радувај се! Има уште многу нешта кои ќе ги дознаеш од Светиот Дух и Светото Писмо и од кои ќе бидеш трогнат заради Божјата Милост. Тргни кон Бога и разбери што Господ Исус Христос направи на крстот за тебе и за сите луѓе.

Извадок од книгата „Биди поинаков“ од М-р Константин Кајшаров

Можеби ќе ви се допадне

Духовна аптека

Биди сонце што не згаснува

  • 24.02.2026
Денот е посветол кога не ги паметиш лошите мигови и си простил на туѓата неспособност да те љубат и прифатат.
Духовна аптека

Без љубов животот нема смисла 

  • 24.02.2026
Како што поминуваат годините, деновите гледаме дека љубовта меѓу луѓето оладува и затоа многумина се разболуваат. Човек без љубов е