Духовна аптека

Местото каде сѐ е совршено и спокојно

Луѓето во слободното време си наоѓаат занимација бидејќи не знаат како да работат на себе и така сами и осамени си живеат живот во кој недостига Божјото присуство. Во современово доба, во кое има толку многу бука и шум, се повеќе недостига мирот.

Многу луѓе се плашат да се соочат со тишината и затоа работат слушајќи радио или пак со пуштен ТВ приемник кој не го ни забележуваат. Но, луѓето бегаат од осаменоста, тишината и соочувањето со своите немирни мисли.

Сепак, има начин тоа да се надмине, Господ Исус Христос не повикува: „Дојдете при Мене сите, кои се трудите и сте обременети, и Јас ќе ви дадам одмор. Земете го Мојот јарем на себе и научете се од Мене, зашто Јас сум кроток и понизен по срце; и ќе најдете одмор на своите души; зашто Мојот јарем е пријатен и Моето бреме е лесно.“ – Maтеј 11:28-30

Во овој стих Исус вели: „Дојдете“, но не сите луѓе сакаат да одат кај Исус. Некои одат кај лицемерни пријатели, се утешуваат кај љубовниците, наоѓаат сласт во парите и популарноста. Зарем Исус треба да им се наметне?

Исус има кротко и понизно срце. Тој ти вели „Дојди“, тоа значи отворено е, дојди во Божјиот дом, тука сè е совршено и тука е вистинското спокојство.

Извадок од книгата „Како да го слушаш Божјиот глас“ од пастор Константин Кајшаров

Можеби ќе ви се допадне

Духовна аптека

Биди сонце што не згаснува

  • 24.02.2026
Денот е посветол кога не ги паметиш лошите мигови и си простил на туѓата неспособност да те љубат и прифатат.
Духовна аптека

Без љубов животот нема смисла 

  • 24.02.2026
Како што поминуваат годините, деновите гледаме дека љубовта меѓу луѓето оладува и затоа многумина се разболуваат. Човек без љубов е