FFC

НБА звездата Џонатан Исак го создаде својот христијански „Најк“!

Освен јавното исповедање на верата, и облеката и обувките кои ги носиме се израз на нашите верувања и вредности, а истовремено можат да бидат и одлична можност за споделување на Радосната вест за Христос и на прекрасните Божји ветувања како поттик или охрабрување во верата на многумина.

И така додека во светот има се повеќе познати брендови на облека и обувки дури и за деца кои го промовираат злото, темнината и погрешни вредности преку сатански симболи, бои и дизајни, христијанскиот НБА играч #JonathanIsaac го создаде својот христијански „Најк“! Крилниот центар на Орландо Меџик во ноември 2023 година ги лансираше првите кошаркарски патики со библиски стихови “Јуда 1” засновани на верата во Господ Исус Христос преку неговата компанија UNITAS, носејќи го на тој начин Божјото Слово на теренот во НБА.

Според Џонатан оваа линија патики е наменета за сите спортисти како него како дополнителна можност да ги споделат и изразат своите верувања и вредности на теренот односно да го земат со себе Божјото Слово на теренот како дополнителна опрема. Оваа идеја произлегла од разговор со неговиот пастор откако го изгубил договорот со патиките „Најк“ во 2020 година поради повреда. На почетокот, мислел дека е луда идеја, но по некое време сфатил што би значело да создаде своја линија на патики базирани на верата. Тој во своето интервју за „Дејли Вајр“ вели: „Навистина верувам дека влегуваме во време кога нашето општество, а и компаниите, се оддалечуваат сè повеќе и повеќе од Божјите вредности и принципи. И затоа, кога стануваше збор за UNITUS, сакав да создадам нешто што би можело да биде светилник и глас на надеж за сите кои веруваат и Го љубат Бога“.

Тој неодамна лансираше нова линија од кошаркарските патики “Јуда 2” со видливи библиски стихови на надворешноста на патиките, правејќи ја верата видлив дел од дизајнот, а не скриен детал. Новата линија се одликува со три бои – Божјо оружје, Сведок и Верен – секоја со свој библиски стих.
Портокаловата и црната „Божјото оружје“ го содржат стихот Ефесјаните 6:13 – “Затоа земете го сето Божјо оружје, за да можете да се браните во лош ден и откако ќе свршите сѐ, да се одржите!”
Белата и сината „Сведок“ го содржат Евреите 12:1 – “Околу нас има толку многу сведоци! Затоа ние треба да го отфрлиме сето бреме што не задржува на патот, а особено гревот, што толку лесно може да не заведе. Истрајно треба да ја трчаме трката која Бог ни ја определи.”
Конечно, основната сива и разнобојна „Верен“ го содржат 1. Јованово 1:9 – “Ако ги исповедаме своите гревови, Тој е верен и праведен: да ни ги прости гревовите и да нѐ очисти од секоја неправда.”

Овие патики по цена од 150 долари се дизајнирани да им овозможат на верниците да ги „носат своите вредности“. Изданието ја продолжува мисијата на Исак да ја спои својата професионална кошаркарска кариера со својата вера, со цел да ги охрабри верниците. За многу поддржувачи, патиките претставуваат доказ дека верата не треба да се одвои од спортот, успехот или јавниот живот. Патиките дури се препознаени и по нивниот уникатен дизајн, а моделот „Јуда 1“ е изложен во Музејот на Библијата.

Џонатан Исак отворено и јавно зборува за својата вера во Господ Исус Христос, како таа го трансформирала начинот на кој тој се гледа себеси, особено во сезони на повреди и неизвесност. За овој процес тој објаснува: „Ме научи да го пронајдам својот вистински идентитет во Христос, а не во кошарката. Коренот на мојата анксиозност претходно беше грижата за туѓото мислење и идентификација само преку кошарката. Мојата вредност ја наоѓав во она што го правам, а не во тоа кој сум. Имањето на длабока релација со Исус ми помогна да го извадам мојот идентитет од кошарката и да го пронајдам мојот вистински идентитет во Него.“

Која е твојата идентификација?
И како ја изразуваш твојата вера и вредности?

Извор:  https://www.youtube.com/watch?v=S3ILGfopJtc, https://rapzilla.com/2023,

Можеби ќе ви се допадне

FFC

Ковачница (The Forge)

  • 06.03.2026
(препорака за филм) Трогателна приказна за еден изгубен млад човек кој, воден од моќта на пријателството и незаслужената благодат, го
FFC

99-годишен доживотен и познат атеист сведочи како Исус го пронашол на самиот крај

  • 12.03.2026
Речиси 80 години, Валтер Бригс си постави за мисија да ги убеди луѓето дека Бог не постои. Целиот свој живот