FFC

Неверојатна изјава на Џастин Бибер на отворањето на Коачела

Пејачот Џастин Бибер го отвори најплатениот настап во историјата на Коачела зборувајќи за Исус: „Се држам до Исус, oслободен од гревот“.

Храбро е да се верува во Исус Христос, а уште похрабро е да се сведочи јавно и да се слави и воздигне Неговото име пред милиони луѓе. Тоа го направи еден од најпопуларните поп ѕвезди во светот Џастин Бибер. Tој ја искористи сцената на Coachella 2026, еден од најголемите музички фестивали во светот, за јавно да Го прослави Исус и да сподели порака за исцелување, благодат и за  трансформација преку верата во Господ Исус Христос.

Концертот на Џастин Бибер на Коачела се претвори во славење на Исус пред илјадници

Неговиот настап на 11 април, беше негово прво големо појавување на сцената по неколкугодишна пауза поради здравствени проблеми. Со тоа тој стана најплатениот изведувач во историјата на Coachella, заработувајќи рекордни 10 милиони долари за двата фестивалски викенди. Но овој настап ќе остане запаметен по духовната димензија што ја внесе Бибер на сцената, а не по заработката. Џастин Бибер ја претвори пустината во црква, докажувајќи дека неговото враќање е за нешто многу поголемо од поп-музиката. За време на неговиот долгоочекуван настап како главна ѕвезда на Коачела, добитникот на Греми го паузираше шоуто за да му оддаде слава на Бога, изјавувајќи „Неговото име е Исус Христос“ пред огромната публика. Тој ја изведе песната „Glory Voice Memo“, водејќи повеќе од 100 милиони гледачи во момент на обожавање на Исус, така променувајќи ја атмосферата од типичен енергичен поп концерт во длабоко духовно искуство како на богослужба.

Додека повеќето ѕвезди и јавни личности својата платформа ја користат за своја промоција и издигнување, за лична слава, пари и моќ или пак за промоција на злото, поп-ѕвездата Џастин ја искористи својата платформа за да Го воздигне Исус „Само сакам да му се заблагодарам на Исус за овој момент“ и тоа донесе длабока промена во енергијата која сите присутни ја забележаа.

Настапот на Бибер беше оценет како искрен, со фокус на неговиот вокал и личната приказна за закрепнување и вера, наместо на екстравагантни сценски ефекти. Овој настап не беше само концерт и музика; туку и јавно сведоштво за неговиот пат на исцелување и искупување
„Во мојата уста стави нова песна, фалба на нашиот Бог. Мнозина ќе видат и ќе се исплашат: и ќе се надеваат на Господа.“ – Псалм 40:3. 
А за многумина во толпата, тоа беше потсетник дека дури и во најсветлите светла на славата, душата бара подлабока релација.

Џастин Бибер изјави дека славата го натерала да се чувствува како производ, но верата му помогнала да го пронајде својот вистински идентитет.

За време на настапот Џастин Бибер отворено зборуваше за притисокот од славата и како таа влијаела врз неговиот идентитет. На врвот на својата кариера, тој сподели дека често се чувствувал како производ на индустријата, обидувајќи се да ги исполни очекувањата, а воедно губејќи го чувството за тоа кој навистина е. Тој објасни дека пресвртот се случил кога се фокусирал на верата. Според Бибер, оваа промена му помогнала да се види себеси поинаку, не дефиниран од успехот или од јавното одобрување, туку преку подлабок личен идентитет.

Неговата лична приказна на сцената вклучуваше споделување за менталното здравје, притисокот во светот на забавата и потрагата по целта на постоењето, истакнувајќи колку многу луѓе, дури и на врвот, се борат со својот идентитетот и со смислата на постоењето.

Пеењето на Џастин Бибер за Исус длабоко допре до многумина, а неговите зборови на благодарност кон Исус и кон семејството се израз на нешто многу подлабоко од самата сцена и музика, додека пак споделувањето на личните моменти за справување со славата, притисокот и невидливите битки се потсетник дека без разлика на околностите или ситуацијата, верата и надежта сè уште можат да го најдат својот пат. И понекогаш, гледањето некој друг како тоа го изразува отворено и искрено може да разбуди нешто значајно и во нас.

Во последниве неколку години Бибер често зборува за својата христијанска вера, за својот личен однос со Исус кој му помогнал да се справи со личните борби, славата и здравствените проблеми и предизвици. Тој продолжува да ја истакнува својата вера како извор на неговото исцелување, мир и смисла на постоење – нагласувајќи дека Божјата благодат, а не совршенството, ја дефинира неговата трансформација.

„Сѐ што дише – Нека Го фали Господа!“ – Псалм 150:6

„Содржината е базирана на јавно достапни онлајн информации, со авторска обработка и интерпретација.“

Маја Димитријевиќ

Можеби ќе ви се допадне

FFC

Ковачница (The Forge)

  • 06.03.2026
(препорака за филм) Трогателна приказна за еден изгубен млад човек кој, воден од моќта на пријателството и незаслужената благодат, го
FFC

99-годишен доживотен и познат атеист сведочи како Исус го пронашол на самиот крај

  • 12.03.2026
Речиси 80 години, Валтер Бригс си постави за мисија да ги убеди луѓето дека Бог не постои. Целиот свој живот