FFC

Осумгодишното девојче што ја наслика најпознатата слика на Исус Христос

На возраст од само три и пол години Акиане Крамарик започнала да гледа визии од духовниот свет и веднаш почнала да го слика на платно она што го гледала. Во тој период таа не знаела за Исус, не знаела Кој Е Тој, но таа тврди дека го видела Неговото лице, и на 8-годишна возраст токму тоа го насликала, што подоцна стана една од најпознатите слики на Исус Христос.
Сликата е наречена „Принц на мирот“, според назив со кој е наречен Христос во книгата на пророкот Исаија во Библијата.

Акиане е родена во нерелигиозно семејство. Нејзината мајка била атеист, по потекло од Литванија се доселува во САД каде се запознава со таткото на Акиане, кој иако роден во католичко семејство, воопшто не ја практикувал својата вера.
На 5 и пол годишна возраст, Акиане доживува натприродно искуство во кое искусува посета на духовниот свет која траела 7 часа. Во тој период нејзе и се губи секаков траг и родителите заедно со полицијата трагаат по неа во околината на нејзината населба.
Во ова искуство таа споделува дека и биле покажани многу работи и дека се вратила со силно изразено чувство на имање мисија – да го пренесе – доминантно преку слики она што го искусила и видела. Акиане опишува дека иако ја немало 7 часа, чувството било како да била отсутна со години, а да се наоѓа надвор од времето.

Фото: Аkiane Кramarik

На 7 години Акиане добила силен поттик да ја нацрта визијата со Исусовото лице. За да ја наслика сликата и биле потребни 40 часа. Нејзиното студио се претворило во место каде спиела, и станувала и веднаш продолжувала со сликање. Речиси и да не јадела, со цел фокус и енергија насочени кон тоа да ја нацрта сликата што е можно послично со визијата која ја имала во главата.
Акиане се соочила со многу отпор и прогон откако ја насликала сликата на Исус Христос.
Отпор од професори, учители, соседи, пријатели. Многу луѓе ја нарекувале сликата богохулна и ја презирале, сметајќи дека сликите кои Акиане ги насликала треба да завршат во оган и дека треба да престане со сликање. Исто така имало период од повеќе од декада во кој сликата била изгубена.

Акиане и нејзиното семејство најпрво ангажирале агент кој требало да ги промовира нејзините уметнички дела. Но тој толку многу имал отпор кон сликата на Христос што еден ден ја зел, ја сокрил и не сакал да ја врати, сметајќи дека никој не треба да ја гледа таа слика. Сепак, после
повеќе месеци агентот ја вратил сликата.

Фото: Аkiane Кramarik

Откако семејството на Акиане го раскинало договорот со тој агент, ангажирале нов. Меѓутоа, новиот агент ја продал сликата „Принц на мирот“ без нивно знаење, па така семејството одново останало без сликата, овој пат многу подолг период. Откако после повеќе од 15 години семејството на Акиане ја локализирало сликата, новите сопственици барале речиси милион долари за да ја вратат. Акиане и нејзиното семејство не биле финансиски во состојба да ја откупат сликата, но тогаш се појавило посветено христијанско семејство од Тексас кое се понудило да ја откупи сликата и да ја промовира.

Фото: Аkiane Кramarik

Оттогаш истата е изложена во галерија во Тексас, каде секој посетител може да го види ова уметничко дело кое го следеа многу контроверзии но и допре многу срца и ги поттикна кон верата на нашиот Спасител, Господ Исус Христос.

Извор: Spotify, Akiane Official, BelovedGallery

Обработи: Кристина Димитриевска

Можеби ќе ви се допадне

FFC

Ковачница (The Forge)

  • 06.03.2026
(препорака за филм) Трогателна приказна за еден изгубен млад човек кој, воден од моќта на пријателството и незаслужената благодат, го
FFC

99-годишен доживотен и познат атеист сведочи како Исус го пронашол на самиот крај

  • 12.03.2026
Речиси 80 години, Валтер Бригс си постави за мисија да ги убеди луѓето дека Бог не постои. Целиот свој живот