Испитна сесија…. нема сон…. нема мир. Само кафе, грицки, паника и „ќе почнам од утре“.
Ако имаш вакво размислување и ваков став – веќе губиш. Еве како да ја преживееш испитната сесија и секако да победиш:
1. Мудро испланирај го своето време
Седиш со часови над книгата, а имаш чувство дека ништо не сваќаш.
Многу студенти мислат дека ако поминат часови и часови во читање, дека тоа е доволно. Но, ако немаш мудро испланирано време и план, можеш само да се вртиш во круг! Затоа, за да го постигнеш посакуваниот ефект, направи стратегија – што ти е најтешко, кога имаш најдобра концентрација и вметни пауза. Запомни – квалитетот на учење секогаш победува над квантитетот.

2. Паузата е твојот најмоќен сојузник
Не можеш да учиш 8 часа без прекин. Мозокот едноставно не функционира така. Многу е важно да знаеш кога да направиш пауза, за да “не прегориш”. Затоа, после 1 час, направи кратка пуза, па потоа продолжи.
3. Учи заедно
Кога учиш со некого, работите стануваат појасни, побрзи и полесни за паметење. Затоа, за поголем ефект, најди колега или мала група и разменувајте знаење, прашања и одговори и дискутирајте на темата за полесно да се совлада материјата.

4. Здрава храна, доволно сон и движење
Кафето, грицките и брзите сендвичи нема да ти донесат бенефит, затоа е битно да се конзумира здрава храна, да се спие доволно и секако многу клучно нешто, е движењето.
5. Не го носи товарот сам
Во целиот тој хаос од паника и грижи, најбитно е да сфатиш дека не си сам. Најди време за Бог и во молитва, предај го товарот на Господ Исус Христос и тоа ќе ти донесе мир.
Ана Божинова

