Насмеј се денес, заблагодари се на Бога, види го доброто таму кадешто го нема, кажи си: “се содејствува за мое добро заради Христос кој ме возљуби” и забележи дека навистина се е добро дури и кога другите очекуваат да видат дека те боли нешто, дека си незадоволен, дека си мамурен, ти се смееш.
Еве нов ден, имаш и нови можности, почни со ново очекување дека ќе се случи нешто добро, заради Божјата Милост и оди напред.
Време е за нови планови, страници, плодови, подготви се со став на насмеан, успешен човек, магнет за вистински луѓе, контакти и соработки. Биди сол и светлина на светот, дури и кога некого солта на раната го пече, дури и кога светлината некого го сече, на крај Бог преку тебе ќе ги привлече.
Кајшаров

