За што ти да патиш? За што ти да си во депресија и да се чувствуваш мизерно? Зашто некој те мразел, те озборувал, те изиграл, те изневерил и сега ти се мачиш? Па тоа не е твој проблем, не дозволувај туѓата несовесност да ти ја одземе радоста и да ти ја расипе атмосферата на живеење.
- Ама ми доаѓа се да му кажам во лице, да му покажам дека знам се, дека е прочитана играта што ја игра – ми велиш.
– И што од тоа ако се пресметуваш и соочуваш? Ќе покажеш дека те боли, дека ти значи? Па така ќе му овозможиш задоволство, ќе излезеш виновната личност која прави расправии. Зошто наместо да ја бараш својата правда, не се смириш? Остави се во Божји раце, потоа научи како да се исполнуваш со Божјата љубов, а не со човечката како досега. Така со љубов ќе простиш и ќе почнеш да гледаш позади личноста.
- А како е тоа позади?
– Е па, фокусот ти е во дрвјата или нешто друго позади личноста, не забележуваш дека личноста е тука, освен едно дистанцирано “здраво”, нема потреба од друго.
- Ама го сакам.
– Некогаш тие што ги сакаш треба да ги пуштиш, а не да очекуваш да те сакаат. Доволно е ти да ги сакаш и да им помогнеш, другото е право на слободна волја, во случајов вишок очекување кое ти нанесува болка.
- Значи сега шминка и селфи со другарка, како сите?
– Не. Сега благослови го, прости му и не застанувај, оди напред. Не дозволувај гневот да те определи, туку љубовта.
Извадок од книгата „Биди поинаков“ од М-р Константин Кајшаров

