Духовна аптека

Човечкото одобрение е најопасниот затвор

Некои луѓе се зависни од парите, други се зависни од цигари, кафе, шопинг. Но, да зависиш од тоа дали луѓето ќе те одобрат или не, значи да го ставиш својот живот во нивни раце. Ова е погрешно бидејќи си го издигнал човечкото несовршено мислење на највозвишено место кое би требало да Му припаѓа на Бога. Бог е Совршен и Неговото мислење за тебе треба да ти е најважно, од тоа треба да зависиш.

Кога зависиш од телесни задоволства, наркотици, алкохол, пари и туѓото мислење за тебе, тогаш, ти се покоруваш на тие влијанија и тие стануваат твој господар. Затоа, одвикнувањето е тешко и болно, бидејќи од што и да си станал зависник, ти си станал негов роб и тој станал твој идол. Тоа е живот во затвор. Кога ќе ја примиш Божјата благодат преку Христос и дозволиш Неговата љубов да ти го исполни срцето, тогаш стануваш зависен од таа љубов која те ослободува од сѐ останато.

Затоа е многу клучно во што веруваш, бидејќи тоа ќе те поттикне кон конкретен избор. Ако веруваш во Бога тогаш ќе направиш избор да Му ја предадеш твојата слабост, твојата грешност, твојот товар или зависност, и штом Тој застане на престолот на твојот живот, сите идоли и погрешни верувања, сатански лаги и идеологии ќе се срушат и ти ќе бидеш ослободен.

Не заборавај, ти не можеш да се ослободиш, но Исус може да те ослободи, само верувај Му и ќе доживееш победа.

Извадок од прирачникот „Победувај со Емануел“, од М-р Константин Кајшаров

Можеби ќе ви се допадне

Духовна аптека

Биди сонце што не згаснува

  • 24.02.2026
Денот е посветол кога не ги паметиш лошите мигови и си простил на туѓата неспособност да те љубат и прифатат.
Духовна аптека

Без љубов животот нема смисла 

  • 24.02.2026
Како што поминуваат годините, деновите гледаме дека љубовта меѓу луѓето оладува и затоа многумина се разболуваат. Човек без љубов е