Кога не си се посветил и љубов не си дал, а потоа го надоместуваш тоа со пари, цвеќе, подароци, тогаш ја навредуваш љубовта на оној кој те љуби, бидејќи таа не се купува.
Можеш ли копнежот на срцето да го надоместиш со пари?
Можеш ли очите кои копнеат да те видат, со цвеќе да ги задоволиш?
Можеш ли со некаков подарок да се замениш себеси и тој што те љуби да се радува на подарокот повеќе отколку на тебе?
Неможеш, не пробувај, извини се и почитувај ја љубовта и секој момент во кој имаш на кого и со кого да примаш и даваш љубов.
Извор: “Биди поинаков” од М-р Константин Кајшаров

