Многу луѓе тврдат дека сакаат да им се помогне, и наводно се радуваат кога сакаат да откријат каде е коренот на нивниот проблем.
На практика кога ќе слушнат за своите слабости кои (ако се сака) можат да се надминат, и кога ќе им се разбуди свесноста дека тие треба да се соочат со одговорноста за своите постапки, тогаш на друг се префрла вината, си наоѓаат изговори безброј, и проблемот не се решава.
Зарем човек кој не е свесен за своите слабости, и не превзема одговорност, ќе ги цени твоите добри, чесни и искрени постапки? Нема да ги цени, бидејќи нема таков критериум на проценка. Како некој ќе има здрава проценка и критериум на вредности, ако редовно не чита Библија, не се моли и не го познава Господ Исус Христос?
Затоа драги пријатели, помагајте секому, давајте изобилно, молете се за сите, не се штедете, но правете го тоа со Исусовата љубов. Дури и кога ќе ве навредат, обвинат и отфрлат, свртете го другиот образ, и останете во љубовта на Исус. По љубовта ќе не познаат дека сме Исусови.

Зарем треба да си наивен и да те искористат?
НЕ! Но ти неможеш да ги смениш луѓето, само Бог може, и ако некого го сакаш и очекуваш тој да биде стабилен човек со здрава процена, критериум на вредности и вистински карактер, најпрво треба да се молиш за него, а потоа да му покажеш убав пример на Христова љубов, а на крај човекот сам ќе избере дали ќе продолжи по Светлината или ќе избере да чекори по темнината.
Гордост, себичност, суета, се лесно препознатливи слабости, но ако се правиш дека не ги гледаш кај себе или кај ближниот, тие ќе станат твои угнетувачи. Но, доколку на лошото му вратиш со добро, тоа ќе биде разоружано во Името на Господ Исус Христос.
Бог е добар, затоа биди и ти добар, и секогаш барај го доброто во луѓето. 100 пати да дадеш еднаш да откажеш на луѓето, тогаш си лош и не чиниш за нив, но ако, ти сепак остани ПОНИЗЕН, и Бог ќе те превозвиши.
Извадок од книгата „Биди поинаков“ од М-р Константин Кајшаров

