Духовна аптека

Што Бог сака а што Бог не сака?

Верувањето во Бога не се однесува само на изразување на обреди и ритуали, на некои однесувања кои покажуваат некаква побожност. Бог не ги сака формалностите и тоа го видовме преку Исус Кој кога дојде и се отелотвори на земјата, ја извршуваше Божјата волја, но пркосеше на дотогашната традиција која што беше воспоставена во Божјиот храм преку садукеите и фарисеите кои ги обработуваа Светите книги.

Верата е израз на личен однос кон Бога а не религија и не израз на ритуалност, формалност, обреди и слично бидејќи што и човек да направи, какви обреди и поклоненија да направи до земја, доколку срцето останува клето, покварено, со тешки помисли, со завист, со злоба, со цинизам, со омраза, непростување, тогаш сето тоа што го прават луѓето одејќи во црква, палејќи свеќи, вршење ритуали, правење на погачи и трпези е попусто, залудно и самозаблудителност зашто тоа Господ не го сака.

Како да знаеме што Бог сака а што не сака?
Читајќи го Светото Писмо се открива која е Неговата волја, каков е Неговиот карактер и што е богоугодно а што не. Ако читате Свето Писмо нема да забегате и нема да бидете нововерци, туку напротив, ќе го отворите вашето срце и ќе го разберете односот на Бога кон вас каков е, колку многу ве сака и каква е Неговата волја за вас, вашето семејство, за вашиот живот.

Извор: Духовни Беседи “Практикување на верата во Бог“, еп.Константин Кајшаров

Можеби ќе ви се допадне

Духовна аптека

Биди сонце што не згаснува

  • 24.02.2026
Денот е посветол кога не ги паметиш лошите мигови и си простил на туѓата неспособност да те љубат и прифатат.
Духовна аптека

Без љубов животот нема смисла 

  • 24.02.2026
Како што поминуваат годините, деновите гледаме дека љубовта меѓу луѓето оладува и затоа многумина се разболуваат. Човек без љубов е