За да го добиеме тоа што ни е копнеж на срцето, тоа што го немаме, треба да се молиме.
Како да се молиме?
Божјата љубов не зависи од силата на нашите молитви и колку често се молиме, туку, нашата чистота и преобразба зависи од тоа дали Му се молиме на Бога или не.
Некои луѓе немаат успех во молитвите бидејќи не разбрале дека молитвата не е:
• Манипулативно средство кон Бог;
• Ниту стихотворба која се повторува механички;
• Ниту жалби и поплаки;
• Ниту листа на желби и нивна порачка или пак магична формула.
Некои луѓе мислат дека молитвата треба да има посебни зборови, но всушност таа треба да биде разговор со Бога, состанување со него и искрено споделување на тоа што ви лежи на срцето. Некогаш може да ја споделиш грижата, некогаш болката и неодлучноста, твоите соништа и копнежи, но најдобро е да ја споделуваш благодарноста. Тогаш многу брзо започнуваш да се енергизираш од Божјото присуство, бидејќи не си фокусиран само на себе и проблемите, туку пред сѐ на Бог. На овој начин можеш да благодариш за сѐ што имаш, но ако благодариш во молитвата кон Бога дури и за оние нешта кои ги немаш, а веруваш дека ќе ги имаш и дека Бог ќе ти ги даде, тогаш навистина ќе доживееш чуда, бидејќи овој принцип Исус го објаснува: “Сѐ што ќе побарате во молитва, верувајте дека го примивте, и ќе ви биде.“ Марко 11:24
Ако не се молиш, тогаш грижите се акумулираат и тежат во душата, така стануваш жртва на стресот, паѓаш во очај, грижи и немаш волја за живот. Но, молитвата е рецепт преку кој можеме да примаме од Бога.
Извор: Молитвена терапија од М-р Константин Кајшаров

