Очевидци

Се гушев и мислев дека нема да ја преживеам ноќта

Таа ноќ – не беше обична ноќ. Тоа беше борба за здив. Грлото ми се затвораше, а градите чиниш ми се раскинуваа од напор. Кашлицата не престануваше и звучеше страшно, неприродно и не можев да ја контролирам.
Секој обид да земам воздух беше како да се давам. Најстрашно беше што немаше пауза, немаше олеснување. Само една бесконечно долга ноќ што не завршува… и чувство дека нема да издржам до утрото.

Претходниот месец бев на операција која ја прифатив како Божја интервенција, нешто што Бог ми го откри навреме, за да може да се реагира брзо. Се јавив на моите Пастори од ХЦ Блага Вест во РМ, Константин и Милена Кајшаров, и добив нивна молитвена поддршка и благослов кој во тој момент ми влеаја сигурност дека сè ќе биде во ред.
Операцијата помина токму така, во ред, но после тоа ми се јави таа неподнослива кашлица, за која сите се чудеа како звучи.

Ме пуштија дома и таа ноќ следеше вистинска агонија, до наредното утро.
Сопругот во паника почна да бара каде најбрзо може да ме примат и отидовме во една приватна клиника во близина на клиничкиот центар. Ме примија истиот ден, и сè се одвиваше брзо – преглед, па веднаш снимање, резултати и снимки на кои се гледаше оштетување на зидовите на белите дробови, повредени од интубацијата за време на самата операција. Ме задржаа во болница и следеше интервенција за отстранување на оштетените делови, кои беа причина за тоа неподносливо кашлање и гушење. После седум дена болничко лекување, си дојдов дома целосно здрава, без трага од таа исцрпувачка кашлица.

Го споделувам ова сведоштво со кое сакам да оддадам слава на Господ Исус Христос, зашто откако Го запознав, секојдневно ја вкусувам Неговата чиста и искрена љубов, сигурноста која ми ја дава, благословите кои постојано ги излева врз мене.
Иако ова е едно од многуте сведоштва за тоа како Бог интервенирал во мојот живот, а ги има многу, можам дури и книга да напишам, сепак живеам и се потпирам на Неговите ветувања, дека ни влакно од главата нема да ми недостасува.

Има ли поубаво од тоа да знаеш дека никогаш не си сам и дека постојано има Некој кој стои покрај тебе, во секој миг и во секоја ситуација. Ти благодарам Господе Исусе Христе!

Петранка Николовска

Можеби ќе ви се допадне

Очевидци

Повик кој го спаси животот на мајка ми

  • 24.02.2026
Повик за помош кој никогаш нема да го заборавам, зборови кои никој не сака да ги слушне и не ги
Очевидци

Докторите и предвидуваа само уште два дена живот, но се случи нешто натприродно

  • 25.02.2026
“Ѝ останаа уште два дена живот на вашата ќерка” – овие зборови точно на полноќ како ехо одекнуваа низ празниот