Чак Норис е можеби човекот за кој се кажани најмногу вицови и шеги. Carlos Ray Norris еден од најпознатите американски актери и мајстори на боречки вештини, роден во Оклахома во 1940 година. Израснал во сиромашно семејство, со мајка која самa се грижела за него и неговите браќа. Детството му било исполнето со предизвици, несигурност, сиромаштија и чувство на празнина. Иако подоцна стекнал светска слава преку филмовите и телевизиската серија Walker, Texas Ranger, самиот Чак сведочи дека славата и успехот не му донеле вистински мир.
Во подоцнежните години, Чак Норис доживеал духовна преобразба. Тој јавно изјавил дека тој е новороден христијанин и неговата сила не доаѓа од него, туку од Господ Исус Христос. Со овие зборови, тој ја опишува својата преобразба и моментот кога сфатил дека вистинската сила не е во физичката моќ или во славата, туку неговата сила доаѓа од Бог. Читањето на Библијата и молитвите го насочиле кон нов живот, исполнет со дисциплина, семејна љубов и духовна посветеност.

По своето преобраќање, тој започнал да сведочи јавно за Христос. Во интервјуа и јавни настапи нагласувал дека славата е минлива, но Христос е вечен. Неговата сопруга Џина и неговото семејството биле сведоци на духовната преобразба, а Чак често истакнувал дека верата му помогнала да биде подобар сопруг и татко.
Покрај актерската кариера, Чак Норис активно учествувал во хуманитарни активности и поддршка на млади луѓе. Тој ја користел својата популарност за да охрабри многумина да ја пронајдат вистинската сила во Христос. Неговото сведоштво инспирирало илјадници луѓе да ја преиспитаат својата вера и да се потсетат дека вистинската победа е духовна.
Чак Норис останува запаметен не само како легенда на акционите филмови, туку и како човек кој јавно сведочел за својата вера во Господ Исус Христос. Неговата приказна е пример, дека вистинската сила не се мери со физичка моќ, туку со духовна посветеност и доверба во Божјиот план.
Авторски текст / Портал Благодат

