Духовна аптека

Вистинските вредности на искреното пријателство

Пријателството е чин на посветеност, верност, искреност, љубов и почит. Многу луѓе ќе поминат низ твојот живот, но само вистинските пријатели ќе те сакаат и ќе остават трага во срцето. Вистинското пријателство не познава граници, калкулации, лаги и манипулации.

Oднесувањето на пријателот кој искрено те сака и почитува не се препознава само по зборовите, туку пред сè по плодовите на неговиот карактер и начинот на кој се однесува кон тебе кога е тешко.

Во Светото Писмо e пишано:

„Постапувајте со луѓето онака, како што сакате тие да постапуваат со вас!” – Лука 6:31

Пријателот, кој ги негува христијанските вредности, се препознава по следните карактеристики:

• Секогаш е подготвен да ти се посвети, со внимание, да се радува со тебе, но и да те утеши во мигови на загуба и тага.
• Искрен е, те почитува и те љуби со Христовата љубов. Подготвен е секогаш да ти ја каже вистината, дури и кога боли, но тоа го прави со нежност и почит. Не ласка за да се додвори, туку има желба да бидеш подобра личност за Бога и за другите околу себе.
• Те охрабрува да растеш во верата и неговото присуство носи спокој и радост.
• Тој не е само слушател, туку и молитвен војник. Се моли за тебе кога имаш потреба и ти дава духовна поддршка.
• Нема интерес во вашиот пријателски однос. Секогаш се грижи да ти е добро во сè.
• И некогаш да погрешиш не те осудува, туку простува и топло те прегрнува.

Вистинскиот пријател има топло срце. Умее да слуша, со поглед да милува, со нежен шепот да охрабрува.

Затоа чувај ги и негувај ги пријателите, бидеjќи се дар од Бога и благослов за тебе. А најубавиот пример за вистинско пријателство ни го покажа Исус Христос, кој својот живот за нас го даде, како чин на безусловна љубов. Неговата верност, добрина и милост инспирираат и без оглед на нашите грешки, Неговото пријателство е постојано.

Тој не учи да ги ставаме потребите на другите, пред своите. Неговото Слово ни е совршена основа за да градиме искрени пријателства.

„Пријателот љуби во секое време, а во неволја станува и брат.” – Изреки 17:17

Маја Јовевска

Можеби ќе ви се допадне

Духовна аптека

Биди сонце што не згаснува

  • 24.02.2026
Денот е посветол кога не ги паметиш лошите мигови и си простил на туѓата неспособност да те љубат и прифатат.
Духовна аптека

Без љубов животот нема смисла 

  • 24.02.2026
Како што поминуваат годините, деновите гледаме дека љубовта меѓу луѓето оладува и затоа многумина се разболуваат. Човек без љубов е