Духовна аптека

Големата слика на спасението, љубовта и вечниот живот

Кога се вели да се види „Големата слика“, тоа значи да добиеме претстава за нештата какви се тие вистински, што се крие во позадината, дали има скриена агенда и што ќе биде долгорочно. И додека ние си ја имаме „Големата слика“; за нашите активности, планови и живот и во духовната димензија некој има таква слика за човештвото, а вклучително и за нас како поединци. Еве за што станува збор:

Големата слика на ѓаволот, кој е татко на лагата, кој е човекоубиец од почетокот и во кого нема вистина е да ги заслепи и заблуди луѓето и тие да не можат да го видат прекрасниот сјај на Радосната Вест што ни доаѓа од преславниот Христос, Кој, како слика, точно Го одразува самиот Бог.

Тој, сатаната е крадец, кој влегува само да украде, да заколе и да погуби. Се преправа дека е ангел на светлината, а постојано обиколува како лав што рика, барајќи некого да го проголта. Нуди лажна надеж, насочува кон грев, ветува блескава иднина, а всушност ја отвара вратата од пеколот и таму се труди секого да однесе, преку неговите лицемерни измами.

Спротивно на неговата искривена слика, големата слика на нашиот Господ Исус Христос е никој да не загине и секој да има вечен живот, а тоа се постигнува само преку вера во Него. Тој ги сруши делата на ѓаволот и ни подари живот во изобилие. Тој во нас гледа Негови деца за кои приготви место во вечноста. Рајските порти ги отвара за секој кој ќе го повика Неговото Име, кое е најголемо Име. Секому, кој е изморен и натоварен со тешки бремиња, му дава одмор. Кога плачеме, ни ги брише солзите, кога се радуваме и Тој се радува со нас. Колкава ли љубов имаше кога се даде себе си на крстот за нас, на кој висеше распнат, измачуван и крвав и каде умре, а потоа беше погребан и на третиот ден воскресна и ја победи смртта и го победи ѓаволот. Раните печеа, но ништо не Го поколеба да ја исполни волјата на Бог Отецот и да ја покаже својата безусловна љубов кон нас.

Секој, кој верува во Него, го гледа и повеќе од победник и прави сè да му содејствува за добро. Најдобрите замисли ги има за нас, замисли за мир, за иднина и надеж. Тој ја држи подадена својата рака и кон тебе и ти нуди спасение. За да биде прекрасна, радосна и успешна твојата „Голема слика“, дозволи да ја наслика Господ Исус Христос, а ти биди активен учесник, угодувајќи Му со вера и сè што правиш нека биде за Негова Слава. Нека Тој управува со твоите чекори и никогаш нема да залуташ. Ќе стигнеш на најубавото место, во Неговото присуство, каде те чека топла прегратка и одмор на Неговите гради.

Маја Јовевска

Можеби ќе ви се допадне

Духовна аптека

Биди сонце што не згаснува

  • 24.02.2026
Денот е посветол кога не ги паметиш лошите мигови и си простил на туѓата неспособност да те љубат и прифатат.
Духовна аптека

Без љубов животот нема смисла 

  • 24.02.2026
Како што поминуваат годините, деновите гледаме дека љубовта меѓу луѓето оладува и затоа многумина се разболуваат. Човек без љубов е