Духовна аптека

Божјиот маж инспирира со цврстиот карактер и мекото срце

Демонстрирањето на моќ, сила, наметливост и доминација е честа појава и одлика на некои мажи, кои сметаат дека авторитетот се покажува преку физичката надмоќ, ароганцијата и суетата. А токму тогаш, кога љубовта отсуствува, празнината во срцето најгласно зборува. Ако таа празнина се пополнува со пороци и световни влијанија, уште повеќе се продлабочува, а мажот е сè подалеку од мисијата, која од Бога му е доверена за да ја исполни.

Овие мажи на кои светот им оддава признанија и ги нарекува силни, со текот на времето „го допираат дното“ и полека, но сигурно стануваат заборавени од сите, кои некогаш им се восхитувале.

За разлика од нив, Божјиот маж пред Бог не се срами да ја покаже својата слабост, а токму тогаш во него се пројавува сила, која доаѓа од Господ Исус Христос. А таа сила не дејствува низ неговото спортско тело, туку преку постапките и делата.

Божјиот маж има личен однос со Бога и го слуша Божјиот глас. Подготвен е да се менува, усовршува и изградува, за да биде подобра личност, која ќе носи промени во светот преку љубовта, која не е лицемерна и не се фали и вообразува, туку се однесува пристојно и не го бара своето.

Божјиот маж е човек на верата, посветен и одговорен син и татко, верен сопруг, искрен брат и пријател. Се карактеризира со трезвеност и умешност да владее со своите емоции и постапки. Се грижи за своите родители во староста, на своите деца им е поддршка, на сопругата сигурно прибежиште, а кон послабите покажува милостина.

Секогаш се отстранува од злото и се прилепува кон доброто, неуморен е во ревноста, а пламен во духот. Му служи на Господ, а преку неговата служба во жива Христијанска Црква, со останатите верници се усовршува и изградува, со цел да го унапредува Божјото дело. Љуби со братска љубов, гостољубив е и се грижи за посветените Божји луѓе.

Во домот е поставен како „глава на семејството“ и се стреми сите членови во тоа семејство да му служат на Господ. Својата сопруга ја љуби како себеси, онака како што Христос ја засака Црквата и го даде животот за неа. Се грижи за материјалната и духовната благосостојба на своите најмили, трпелив е со нив, нудејќи им безбедност и заштита. Внимава на своите постапки, умее да се извини, не користи навреди и псовки и не води празни разговори, бидејќи знае дека секој негов збор има тежина.

Молитвата е негово најмоќно оружје, победнички чекори, цврсто стоејќи на „Карпата“, која е Исус. Токму овие вредности го прават Божјиот маж истовремено и лидер и слуга, делувајќи со Божјиот авторитет. Овој маж инспирира со непоколебливоста, храброста во верата, како и со балансот помеѓу цврстиот карактер и мекото срце, градејќи односи со останатите, кои се темелат на љубов и почит.

Затоа мажи:

„Бидете постојано будни и непоколебливи во она што го верувате, бидете храбри и силни. Сè што работите нека биде со љубов.“ – 1 Koринтјани 16:13,14

Maja Јовевска

Можеби ќе ви се допадне

Духовна аптека

Биди сонце што не згаснува

  • 24.02.2026
Денот е посветол кога не ги паметиш лошите мигови и си простил на туѓата неспособност да те љубат и прифатат.
Духовна аптека

Без љубов животот нема смисла 

  • 24.02.2026
Како што поминуваат годините, деновите гледаме дека љубовта меѓу луѓето оладува и затоа многумина се разболуваат. Човек без љубов е