Вести

Лав, а не срна – порака за победнички живот

Поуките за победнички живот преку верата во Христос, на кои ги поучува и постојано ги охрабрува верниците – Епископ и Пастор Константин Кајшаров, беа во фокусот на Богослужбата во ХЦ Блага Вест во РМ, каде Маја и Саша Димитријевиќ, ги потсетија присутните за важноста на победничкиот менталитет и живеењето со вера во Божјите ветувања, без оглед на околностите и реалноста што човекот ја гледа околу себе. Тие споделија и лично сведоштво за Божјата благодат и за тоа како Бог делувал во нивните животи.

Во контекст на темата, беше истакнато дека победничкиот менталитет кај верникот, започнува со осознавањето на тоа кој е тој во Христос. Затоа, верниците како избрани, сакани и скапоцени Божји деца, се повикани да живеат со лавовски став, а не во страв и пораз, зашто Бог е секогаш со нив.

Говорниците зворуваа и за важноста на обновувањето на умот преку Божјото Слово, а посебен акцент беше ставен и на тоа дека вистинскиот успех започнува тогаш кога релацијата со Бог станува приоритет, а човекот живее свесен дека е повикан на царски и победнички живот преку Христос.

Можеби ќе ви се допадне

Вести

Верниците не беа публика – беа духовни оператори!

  • 27.02.2026
На Богослужбата одржана на 22 Фебруари во Христијанска Црква Блага Вест не слушавме само порака – доживеавме движење на Светиот
Вести

Присутните добија ослободување и разрешување од синџирите на заблуда кои ги влечеа назад

  • 02.03.2026
✅️ На Богослужба која се одржа на 28 Фебруари во ХЦ Блага Вест во РМ, се потсетивме на Даровите на