FFC

Дали моралот е доволен за спасение?

Годината е 1890, а библискиот професор Расел Карлајл напишал нов ракопис насловен “The Changing Times”, во кој предлага да се учи морал без притоа да се спомнува Бог – идеја дека луѓето можат да бидат добри само врз основа на етика, без духовна основа. Неговиот колега, д-р Норис Андерсон, се спротивставува на овој пристап и користејќи ја тајната временска машина на својот покоен татко, го испраќа Карлајл повеќе од 100 години во иднината за да види каде водат неговите идеи. 

Time Changer претставува семеен научно – фантастичен филм со силна духовна порака – главниот наратив ја обработува тенденцијата на Христијаните јавно да ја бранат Божјата вистина без директно да се спомене Бог. Централната дилема е дали учењето на луѓето на она што е морално и етично без да се напомене дека Бог е Врховниот Авторитет и Законодавец Кој дефинира што е добро а што е лошо е правилно или не е.

Професорот Карлајл смета дека општеството ќе стане подобро доколку сите луѓе ги практикуваат моралните и етичките вредности дефинирани во Божјото Слово, а притоа многу полесно ќе ги прифатат доколку не се спомнува дека Бог е нивен автор, бидејќи постојат луѓе кои не веруваат во Бог или се од други религии. Иако намерата изгледа добра, неговиот колега Андерсон остро се спротивставува на овој пристап, истакнувајќи дека доколку авторитетот на Исус Христос се одвои од Неговите зборови, тогаш моралната вистина станува дискутабилна и предмет на општествена дебата. Немајќи краен авторитeт кој ќе дефинира што е добро а што лошо, кај луѓето би се појавила состојба во која доброто може да стане лошо, а лошото добро, во зависност од мислењата на различни луѓе.

Филмот исто така го допира погрешното верување на многу луѓе кои се декларираат како верници а сметаат  дека живеењето добар живот како примерни граѓани кои ги почитуваат општествените норми и начела, е доволно за Бог да ги прими и одобри.

Ова е сумирано во излагањето на професорот Андерсон на самиот почеток на филмот во кое тој вели:

„Ѓаволот не е против добро морално однесување. Тој е против Исус Христос! Еден човек може да има добро морално однесување целиот свој живот, сепак и вие и јас знаеме дека тој ќе оди во пеколот кога ќе почине. Исус Христос е Тој што им е потребен на сите и ѓаволот го знае ова повеќе од сите нас! Целта на ѓаволот е да го тргне името на Исус Христос од Неговите заповеди и ако ние го направиме тоа, луѓето ќе се прелажани да веруваат дека ако тие живеат добар живот, ќе го добијат Божјото одобрување и ќе стигнат во рајот. Ултимативното прашање во Христијанството е Христовиот авторитет и ѓаволот го напаѓа тој авторитет со тоа што не убедува ги да поучуваме моралните вредности без нивниот автор!“

Една од главните столбови на Христијанското учење и Евангелијата е дека спасението на човекот е преку вера во Исус Христос, како негов личен Господ и Спасител и вера вo Христовото дело на крстот, дека Тој умре за нашите гревови, преку Него сме оправдани, а на третиот ден воскресна и Е жив и денес.

Затоа филмот се осврнува на фактот дека ако човек не го прифаќа Христос и Неговото дело, нема оправдание, а човечките дела не се доволни за еден човек да биде  оправдан во очите на Бог. Односно, есенцијална е верата во Христос, а не човечките напори за добар живот, како што тоа го согледуваме од овие Божји зборови:

„Зашто, ако со твојата уста исповедаш, дека Исус е Господ и ако во твоето срце поверуваш, дека Бог Го воскреснал од мртвите, ќе бидеш спасен.“ – Римјаните 10:9.

„Зашто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас самите – тоа е Божји дар! Не од делата, за да не се фали некој.“ – Ефесјаните 2:8-9.

„Кој ќе поверува и се крсти, ќе биде спасен; а кој не поверува, ќе биде осуден.“ – Марко 16:16.

 Патувајќи напред во времето, главниот протагонист во филмот доживува “шок на иднината” кога гледа во каков морален правец води неговата теорија, согледувајќи како живеат луѓето во дваесет и првиот век, што се случува во секуларното општество но и во внатре во црквите. Линијата помеѓу доброто и лошото е заматена, а моралните однесувања лесно е да се прекршени кога кај луѓето отсуствува стравот Божји.

Овој филм е прекрасен потсетник за секој Христијанин кој дејствува помеѓу луѓето што не го познаваат Бог, дека Христос е Тој што им е потребен на луѓето и секое поучување, охрабрување или поттикнување кое го исклучува Христос лесно може да стане променливо, дискутабилно и да не се вкорени во нивните срца, а спасението на луѓето зависи од нивната вера во Христос а не од целосното практикување на сите Божји принципи.

„Што треба да правиме, за да го исполниме она што Бог го бара од нас?“ – го прашаа тие. Исус им одговори: „Бог бара од вас да верувате во Оној што Тој Го прати.“ – Јован 6:28-29.

„Содржината е базирана на јавно достапни онлајн информации, со авторска обработка и интерпретација.“

Подготви: Кристина Димитриевска

Можеби ќе ви се допадне

FFC

Ковачница (The Forge)

  • 06.03.2026
(препорака за филм) Трогателна приказна за еден изгубен млад човек кој, воден од моќта на пријателството и незаслужената благодат, го
FFC

99-годишен доживотен и познат атеист сведочи како Исус го пронашол на самиот крај

  • 12.03.2026
Речиси 80 години, Валтер Бригс си постави за мисија да ги убеди луѓето дека Бог не постои. Целиот свој живот