Очевидци

И јас сум дете на Бог – сведоштво за верата што победува

Докторите креваа раменици и прогнозираа дека нема да ме биде, бидејки сум се родил со многу потешкотии и дијагнози и сум бил подолг период во инкубатор на апарати за дишење.
Моите родители кои безусловно ме сакаат, ми помагаат и ме подржуваат, но и Самиот Бог не се откажале од мене, туку верувале дека ќе живеам.

Додека растев од мала возраст родителите ме носеа секаде каде што ќе слушнеа за да најдат лек за мојата состојба, па дури ме однесоа и на бајачи и гатачи. Подоцна дознавме дека тоа било многу погрешно, дека е грев и има спротивен ефект.
Кога тргнав на училиште имав потешкотии во говорот и учењето. Од моите врсници бев исмејуван, понижуван, омаловажуван, дискриминиран и ми наметнуваа чувство на ниска вредност.

Тогаш дознавме за Христијанската Црква Блага Вест во РМ и моите родители ме однесоа на молитвени терапии таму. Пастор Константин Кајшаров се молеше во Името на Господ Исус Христос за да бидам исцелен и ослободен. После одреден период одење на молитвени терапии јас бев многу подобро. Од тогаш многу ме привлекуваше сето тоа и сакав да одам во Црквата Блага Вест , во која и ден денес сме членови јас и моето семејство. Таму научивме како треба правилно да се молиме, да читаме Нов Завет и да имаме личен однос со Бога, но и се радуваме на секоја Богослужба, бидејќи е радост за нас.

Кога сум тажен и потиштен ги слушам Христијанските песни од Пастор Константин Кајшаров и тие многу ми помагаат, ми носат радост, ми ја обновуваат силата и ме исцелуваат.

Во меѓувреме завршив и средно четиригодишно електротехничко образование каде што стекнав другари, а професорите многу ме засакаа бидејки им сведочев за Бог.
Среќен сум и благодарен на Бог за благословите што ги излева во мојот живот , а исто така сега имам и работа.
Бог постојано работи во нас и прави чуда во нашиот дом и семејство. Секојдневно учам и растам во верата и спознанието за тоа кој е Исус и што направи на крстот за мене и за секој еден од нас. Она што за луѓето е невозможно за Бога е возможно.

Со силна вера и надеж ние сме повеќе од победници преку верата во Господ Исус Христос.

Д. Р.

Можеби ќе ви се допадне

Очевидци

Повик кој го спаси животот на мајка ми

  • 24.02.2026
Повик за помош кој никогаш нема да го заборавам, зборови кои никој не сака да ги слушне и не ги
Очевидци

Докторите и предвидуваа само уште два дена живот, но се случи нешто натприродно

  • 25.02.2026
“Ѝ останаа уште два дена живот на вашата ќерка” – овие зборови точно на полноќ како ехо одекнуваа низ празниот