Духовна аптека

Како да создадеш внатрешна хармонија за само еден ден?

Рецепт за хармонија:
Наутро кажи си десет причини зошто си благодарен на Бога. Испиј две чаши вода и напиши две позитивни пораки кои ќе ги испратиш до две личности за да им го разубавиш денот.

Овозможи си четири прегратки со луѓе до 12 часот на пладне, после 15 минути медитирање на Божјо Слово.

Во текот на денот направи една волонтерска работа и сподели две шеги со некоја личност. Измисли си една активност во двор и градина или тераса, потоа викни една песна и изеди неколку плодови од овошна салата, напиј се едно кафе или какао сам со себе. 

После сето ова потруди се да споделиш три комплименти на три различни личности до 18 часот.

За вечера потруди се да јадеш со насмеано лице!
Ако има некој до тебе раскажи му три причини зошто си сакан од Бога.

Пред легнување кажи си една благодарствена молитва кон Бога за се што имаш и за се што сакаш да имаш како веќе да си го добил, славејќи Го името на Господ Исус Христос.

Павле Х.

Можеби ќе ви се допадне

Духовна аптека

Биди сонце што не згаснува

  • 24.02.2026
Денот е посветол кога не ги паметиш лошите мигови и си простил на туѓата неспособност да те љубат и прифатат.
Духовна аптека

Без љубов животот нема смисла 

  • 24.02.2026
Како што поминуваат годините, деновите гледаме дека љубовта меѓу луѓето оладува и затоа многумина се разболуваат. Човек без љубов е